imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Исклучување на филтрите за боја на iPhone


Лесно можете да ги промените Прилагодувањата на екранот на својот iPhone. Меѓутоа, ако не сте доволно внимателни, лесно можете да поставите погрешни бои. Ќе ви покажеме како тоа исправно да го направите.

Откако моето семејство го прочита текстот за тоа како боите можат да влијаат на нашиот мозок и за тоа што се случува кога гледаме со совршено заситен екран, пробавме да поставиме сиви тонови на смартфоните. Искрено, многу брзо се вратија на стандардните поставки бидејќи не беа задоволни од резултатите на промената.

Најмногу ги мачеше зеленкастиот екран. Тоа ми звучеше сомнително, па го замолив еден од нив да ги го покаже својот уред. Моите претпоставки беа точни – проблемот настана поради погрешните поставки. Во случај на екранот на својот iPhone да видите чудни сенки, направете го следното пред да заминете кај сервисер.

Одете на Поставки  > Општо > Пристапност. Тука ќе ги пронајдете напредните поставки на екранот. Допрете ги Прилагодувањата на екранот, а потоа Филтрите на бои. Во претходниот текст пишувавме дека тука можете да поставите и сиви тонови (ако оваа опција е вклучена, тоа може да биде проблем).

Ако екранот на вашиот уред е црвенкаст (тоа е најчестата од трите можности), веројатно сте го вклучиле овој филтер во менито. Филтерот на црвена/зелена тешко е воочлив. Секако, ако гледате слики на интернет или Facebook, ќе забележите дека нешто не е во ред. Затоа исклучете ги Филтрите на бои! Проверите дали Авто светлината и намалувањето на белата точка исто така се исклучени.

Авто светлината може да предизвика чудни дисторзии на боите, што е посебно незгодно за оние кои изработуваат или уредуваат фотографии на својот iPad. Опцијата за намалување на белата точка може да го намали интензитетот на светлите бои, а влијае и на контрастот. Ако поставите прениска вредност, интензитетот на живи бои исто така ќе биде намален.

Ако одите на менито Екран и светлина, тука ќе пронајдете уште неколку функции. На пример, Night Shift начинот на работа му дава на екранот жолтеникава нијанса, а можете да подесите кога сакате да го користите. Инаку, се користи ноќно време, но има смирувачки ефект, па ако сакате да уживате во совшени бои, оваа опција не е за вас.

Исто така, немојте да ја избирате нитуѕ True Tone функцијата на iPad Pro, iPhone 8 и iPhone X,  која ги прилагодува боите на вистинските услови на осветлување. Сметам дека вашиот мозок тоа го одработува без проблеми, па исклучете ја опцијата во Поставки > Екран и светлина.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!