imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да ги чувате вашите резервни iPhone уреди


Може да се случи во семејството да имате неколку iPhone уреди кои моментно не се користат. Можат да послужат како резервни уреди и ќе останат неупотребливи дури и по неколку години. Воглавно кога се грижите за нив додека се наоѓаат во вашата фиока.

Но, како да се грижите за уред кој не сте го земале во раце веќе “со години”? За почеток, ќе ви треба поголема количина на егенргија. Баш како и останатите Li-ion батерии, батериите на iPhone уредите непрестано се празнат, дури и ако уредот е угасен. Ако обрнете внимание на овие три работи, вашиот iPhone ќе остане во совршена состојба уште многу години.

Бидејќи вашиот iPhone се празни дури и кога е исклучен, многу корисници мислат дека ако ги наполнат своите уреди на 100 проценти, мораат помалку да се грижат за нив. Идејата не е лоша, но овие батерии помалку сакаат полнење до 100 проценти. Оптималната состојба е накаде помеѓу 20 и 80 проценти за секојдневна употреба. Ако уредот го чувате во фиока, не би требало да обрнувате внимание на него. Наполнете го уредот на 50 проценти и ставете го во фиока.

Исто така, би требало да внимавате каде го ставате вашиот телефон. Не ви препорачуваме да го ставите на влажно место, очигледно, ниту да го изложите на директна сончева светлина. Според Apple, iPhone уредите се подготвени за употреба на температури помеѓу 0 и 35 степени целзиусови, а оптималната температура за нив е од 16 до 22 степени. Ако го подготвувате уредот, имајте ги на ум овие услови, времето добро ќе се однесува кон него.

И на крај, никогаш немојте да го оставите уредот без полнење. Ако Li-ion батеријата не се полни подолго време, тоа би можело да ја уништи како да сте ја оставиле на температура од 30 до 40 степени целзиусови. Се исплати да се наполни батеријата на барем 50 проценти на секои 6 месеци. Бидејќи не е во секојдневна употреба, можеби ќе биде потребно малку време уредот да стане повторно употреблив.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.