imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да го избришете вашиот Apple ID


Одамна сте создале сметка која повеќе не ја користите и сакате да ја избришете? Или едноставно сте одлучиле да го завршите вашиот дигитален живот и да се преселите во некоја пустелија? Можеби ќе сакате да го избришете вашиот Apple ID и ќе ви покажеме како да го направите тоа.

Еве една лоша вест пред сето ова да го почнете: всушност не можете да го избришете вашиот Apple ID. Сепак, може да стигнете многу блиску до тоа ако ги следите следниве чекори.

Отстранете ги сите уреди

Првиот чекор е да се отстранат сите уреди поврзани со вашата сметка. Ова лесно можете да го направите на web, или дури и на iOS уред.

Web

1. Посетете ја веб страницата appleid.apple.com.

01_how_to_delete_your_apple_id

2. Логирајте се со вашиот Apple ID и изборете ги својот пат низ автентикацијата во два чекора, доколку сте ја вклучиле.

02_how_to_delete_your_apple_id

3. Скролајте долу до листата на уреди.
4. Изберете го уредот што сакате да го отстраните и притиснете на Remove копчето.

03_how_to_delete_your_apple_id

5. Потврдете го отстранувањето во pop-up прозорче со кликнување на копчето Remove this [името на вашиот уред].

04_how_to_delete_your_apple_id

6. Повторете ги чекорите 4 и 5 додека не ги отстраните сите уреди

iOS (10.3)

1. Отворете Settings
2. Кликнете на свежо додаденото Apple ID знаменце
3. Скролајте долу до листата на уреди

05_how_to_delete_your_apple_id

4. Селектирајте го уредот што сакате да го отстраните и кликнете на него.
5. Притиснете на опцијата Remove From Account на долниот дел од листата на податоци за уредот, и потврдете го отстранувањето.

06_how_to_delete_your_apple_id

6. Повторете ги чекорите 4 и 5 додека ги отстраните сите ваши уреди.

Оневозможете Find my iPhone / iPad / Mac

Уредите кои ја имаат вклучено опцијата Find my [device] се нужно поврзани со Apple ID. Ако сакате да се ослободите од вашиот Apple ID, дефинитивно ќе треба да ја оневозможите оваа врска.

Mac

1. Отворете System Settings.
2. Кликнете на iCloud опцијата.

07_how_to_delete_your_apple_id

3. Скролајте долу на листата до опцијата Find My Mac.
4. Отштиклирајте го полето за потврда.

08_how_to_delete_your_apple_id

5. Внесете ја лозинката и кликнете на Continue.

09_how_to_delete_your_apple_id

iOS

1. Отворете Settings.
2. Кликнете на свежо додаденото Apple ID знаменце.
3. Скролајте долу и кликнете на iCloud менито.

10_how_to_delete_your_apple_id

4. Скролајте долу до Find my iPhone/iPad опцијата во листата.
5. Оневозможете ја функцијата на слајдот.

11_how_to_delete_your_apple_id

6. Внесете ја вашата лозинка и потоа потврдете.

Одјавете се НАСЕКАДЕ!

Скоро сме готови, но треба уште некои работи да се направат.

Одземање на iTunes авторизацијата на Mac

1. Отворете iTunes.
2. Кликнете на Account табот во горниот мени бар.
3. Изберете ја опцијата Authorizations и кликнете на опцијата Deauthorize This Computer…

12_how_to_delete_your_apple_id

4. Внесете ја вашата лозинка, и потоа потврдете.

13_how_to_delete_your_apple_id

Одјавете се од Mac

1. Отворете System Settings.
2. Кликнете на iCloud опцијата.

14_how_to_delete_your_apple_id

3. Притиснете на копчето Sign Out во долниот лев агол.

15_how_to_delete_your_apple_id

4. Ако сакате вашите податоци сместени на iCloud да бидат сочувани, тогаш во pop-up прозорче изберете ја опцијата Keep a Copy. Во спротивно деселектирајте ги елементите на листата, и кликнете на Continue (Продолжи).

16_how_to_delete_your_apple_id

Одјавете се од iOS

1. Отворете Settings.
2. Кликнете на свежо додаденото Apple ID знаменце.
3. Скролајте долу до дното на страницата.

17_how_to_delete_your_apple_id

4. Притиснете на Sign Out и внесете ги задолжителните лозинки.

Молете се!

Откако ќе ги завршите сите чекори погоре, во основа сте направиле се што би можеле да го избришете вашиот Apple ID. Остатокот зависи од Apple: ако бришењето на целиот ID е исклучително важно и не може да се избегне, треба да се јавите во Apple Support и некако да ги убедите трајно да ја избришат целата сметка.

Друг метод е да го ставите вашиот Apple ID длабоко во Мордор и да го фрлите во огнената бездна на планината Дум…

Извор: iMore

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!