imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да го исчистите Digital Crown?


Чистењето на Apple Watch е прилично едноставно, бидејќи неколку модели се водоотпорно, додека другите се отпорни на вода. Но, каква е ситуацијата со Дигиталната круна?

Apple создаде прецизен управувач за своите часовници за своите часовници кој ви овозможува префрлање помеѓу менито и поместувањето. Баш како и конекторите на iPhone и другите мали влезови, и на Дигиталната круна понекогаш и е потребно чистење. Малку нечистотија и прав лесно може да се задржи помеѓу куќиштето и круната, но тоа е едноставно за чистење.

Можеби тоа не би го помислиле, но најлесниот и најсигурен начин за чистење на вашиот Apple Watch е испирањето. Секако, не во машина за перење, туку под вода. Ако сакате темелно да го исчистите вашиот часовник, отстранете ги лентите и направете го следното:

  1. Исклучете го часовникот
  2. Пуштете вода на собна температура (под 35 степени)
  3. Држете го часовникот под вода, со круната свртена надолу 10 до 15 секунди, само додека водата не помине низ него
  4. Поместете ја и турнете ја Дигиталната круна под вода
  5. Исушете ја со чиста и мека крпа

Би требало да избегнувате било какви растворувачи. Немојте да користите сапун или нешто слично. Иако тоа нема во целост да го уништи вашиот часовник, честичките можат да заглават во влезовите и да предизвикаат уште повеќе проблеми.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.