imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да пристапите до опцијата Night Shift на Mac


Не само што iOS вчера доби поголема надградба, туку и MacOS во форма на macOS Sierra 10.12.4. Едно од највпечатливите подобрувања е доаѓањето на Night Shift. Ќе ви покажеме каде можете да ја овозможите оваа функција.

Секој сака да спие добро и да се разбуди со свежо чувство. Малку е контрапродуктивно што повеќето од нас седат пред компјутерите до доцна во ноќта, а сите ние имааме тенденција да допреме некој вид на екран дури и во кревет, пред конечно да се обидеме и да заспиеме. Apple е убеден дека оваа практика не прави ништо добро за нашите циклуси на спиење, бидејќи сината светлина емитирана од екраните им создава тешкотии на нашите тела да почнат да се релаксираат.

01_how_to_enable_night_shift_on_mac

Со цел да се избегне да се случи оваа појава, Apple го претстави т.н. Night Shift режим во iOS, кој ги рекалибрира боите на екранот кон портокалов тон како што денот се претвора во ноќ, на овој начин обидувајќи се да го спаси нашиот ноќен мир. Многу луѓе се скептични кога ќе се спомене оваа тема, бидејќи можат да заспијат дури и ако 100 ватна светилка сјае директно во нивните лица. Сепак, може да забележите дека кога ќе почнете да се чувствувате уморни многу подоцна кога сте загледани во монитор, отколку кога ја читате книгата на хартија. Сепак, многу луѓе мислат дека овој метод работи, и оваа надградба е позната уште од јануари.

Оваа функција конечно е додадена во десктоп оперативниот систем со вчерашната надградба на MacOS и сега ќе ви покажеме каде можете да го пронајдете Night Shift режимот.

  • Отворете System Settings.
  • Селектирајте ја иконата Display.
  • 02_how_to_enable_night_shift_on_mac
  • Одете до Night Shift табот во горниот бар.
  • 03_how_to_enable_night_shift_on_mac

    Тука, можете да го поставите времето кога сакате да ja користите функцијата: имате три опции за тоа. Едната опција е прилагодлива, каде што можете да го поставите почетното и завршното време. После тоа, функцијата е автоматизирана постепено да ги менува тоновите секој ден во дадено време. Зајдисонце до изгрејсонце го прави во основа истото, со исклучок на динамичното менување на поставените времиња, во зависност од тоа кога сонцето изгрева ја поставува локацијата каде што се наоѓате во моментот. Ќе треба да му овозможите на компјутерот пристап до вашата локација за ова да работи.

    Конечно, треба да ja штиклирате опцијата за Рачен режим: ова ќе ја овозможи функцијата до следното изгрејсонце. Ова исто така можете да го направите во центарот за нотификации од страната: ако скролате нагоре од стандардното, ќе го најдете слајдот за Night Shift над Do Not Disturb.

    04_how_to_enable_night_shift_on_mac

    Ова беше за тоа како да ја поставите оваа функција. Можете да ја прилагодите температурата на бојата ако сакате, до која исто така можете да пристапите во претходно споменатото мени. Се чини дека е сосема во ред за првиот обид, и покрај тоа што не можете да ја менувате брзината со која екранот менува нијанси. Сега ги менува боите целосно за 30 секунди, што би можело да биде здодевно за оние кои сакаат да имаат побавна, постепена промена. Исто така би било одлично кога би можеле да наместиме да не ги изобличува боите кога користиме одредени апликации.

    Забелешка 1: Доколку го сликате екранот не треба да го исклучувате Night Shift, бидејќи нема да го промени финалниот производ.

    Забелешка 2: Ако не сте одјавени на вашата корисничка сметка, но компјутерот ве прашува да ја внесете лозинката, тогаш и најавниот екран исто така ќе биде портокалов. Сепак, функцијата ќе се активира само ако се најавите повторно на вашата сметка откако сте се одјавиле, но тогаш тоа ќе се активира без никаква транзиција, и веднаш се ќе стане портокалово до максимум.

    Apple Inc. (AAPL)

    Дали го прочита ова?

    Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

    Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!