imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да го одржите вашиот iPhone и камерата чисти


Да се одржува камерата чиста на вашиот iPhone е важно поради многу причини, вклучувајќи го одржувањето на вашиот телефон и создавањето подобри фотографии. Поради тоа треба да се имаат на ум неколку совети за тоа како да ги сочувате леќите недопрени за да можете да фотографирате со најдобар квалитет.

Многу работи може да влијаат врз тоа како објективот создава слики при фотографирањето: поради некоја причина понекогаш добивате заматени фотографии што изгледаат дека со со многу лош квалитет; во некои случаи, камерата може тешко да фокусира. Не треба да се грижите и не треба да брзате до најблискиот сервис за вашиот телефон – најпрвин, проверете ја точната состојба на камерата. Доколку не изгледа оштетена или изгребана, можете да ја исклучите оваа причина за слабиот квалитет на фотографиите. Сепак, ако има видлив слој на нечистотија или неколку отисоци на камерата, можеби е време да ја исчистите.

01_how_to_keep_your_iphone_camera_clean

Ова не е точно во секој случај, но камерата може да биде покриена со нечистотија што ќе влијае врз фотографирањето. Исто така е добро да се обрне внимание на фактот дека има дополнителен хемиски слој на врвот од стаклото што ги покрива леќите, што може да се затемни или да застари по некое време на употреба, па не вреди да го триете од вашите фармерки, да го чистите со груб сунѓер или да го прскате со силни хемикалии. Најмалата штета со која можете да се справите е со користење на алкохол или оцет заедно со микрофибер крпче, иако двете овие супстанци би требало да бидат користени во најмала можна доза и би требало нежно да ја избришете површината на камерата. Недостаток на овие течности е дека имаат одреден мирис; сепак, се уште треба да избегнете користење на вода од чешма – наместо тоа користете дестилирана вода. Најдоброто решение е микс од дестилирана вода и мала количина алкохол. Количеството од двете е според вашиот личен вкус.

Сега додека ја чистите вашата камера, би требало темелно да го исчистите вашиот iPhone. Првиот чекор е да ја извадите футролата, доколку ја имате, и да ја исчистите со не многу мека микрофибер крпа. Официјалниот став на Apple е дека дефинитивно треба да избегнувате користење на било кој тип на решение за чистење на прозорци за да го исчистите телефонот. Она на што треба да обрнете внимание додека чистите е да ги држите течностите подалеку од портовите, бидејќи се што ќе влезе во приклучоците ќе ги оштети. Пред да ја вратите вашата футрола, убаво исчистете ја и одвнатре и однадвор, бидејќи само така ќе добиете најоптимално исчистен телефон.

02_how_to_keep_your_iphone_camera_clean

Исто така, немојте грубо да го триете екранот или да ставате некои силни супстанци врз него, бидејќи е прекриен со заштитен слој, што се троши со употребата. Најлесно ќе можете ова да го забележите, кога телефонот побрзо се валка од трагите на вашите прсти. Ова не е некоја трагедија, но се уште вреди да се трудите да го одржите телефонот во добра состојба. Не постои техника која е најдобра за да го одржите чист вашиот iPhone на долг рок, но може да помогне доколку го користите телефонот со чисти раце, иако тоа е невозможна мисија во јавниот превоз и останатите јавни места. Исто така, не би требало да биде важно доколку вашиот 2-3 години стар iPhone не е во совршена состојба, бидејќи секој ден го користите, па и очекувано е мало оштетување – и не, ова не значи исто како да го скршите вашиот екран на ситни парчиња.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!