imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да креирате нова порака на Apple Watch


Apple Watch не овозможува само прикажување на пораки, на него можете да напишете и нова порака. Ако тоа се уште не сте го знаеле, внимателно читајте.

Во поголем дел од случаите само ги проверувам пораките на Apple Watch, понекогаш ќе одговорам на нив, но воглавно само диктирам. Меѓутоа, многу корисници не ни знаат дека на овој уред можат да се пишуваат нови пораки, бидејќи Apple вешто ја сокри оваа функција. За да создадете нова порака, следете ги овие чекори:

  1. Одете на Apple Watch менито.
  2. Притиснете Messages.
  3. Силно притиснете го екранот во средина.
  4. Изберете ја опцијата „Нова порака“.

Примателот можете да го изберете со гласовна наредба, од своите контакти и последните разговори. Кога ќе бидете готови, притиснете го текстуалното поле. Тука можете да изберете автоматски пораки, диктирање, а ја имате и опцијата Scribble.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.