imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да поставите посебни звуци за повици и пораки на iPhone


На својот iPhone можете да поставите посебни звуци на пораки и дојдовни повици за одредени контакти. Да погледнеме како тоа да се направи!

Секако, по читањето на овој текст никој нема да постави посебен звук за повици за секој контакт во својот адресар. Меѓутоа, овој метод може да биде корисен ако сакате да разликувате некои разговори во iMessage или пак дојдовни повици. На пример, деловна група за допишување или повик од шефот, за да знаете кога не треба да се јавите (не преземам одговорност за последиците на примена на овој совет).

Ако сакате да доделите посебни звуци за одредени телефонски броеви или мејл адреси, најпрвин допрете ја иконата на мобилниот телефон на својот iPhone. Изберете го саканото лице меѓу своите контакти, па притиснете Уреди во горниот десен агол. Тука на секој контакт можете да му додавате нови адреси, мејл адреси, интернет адреси и слично. Ако одите долу, во одделите Мелодија и Звук за пораки можете да поставите посебни звуци за тој одреден контакт.

Исто така, можете да поставите посебна вибрација или да овозможите да ги слушате дојдовните повици на тоа лице, дури и ако уредот е поставен на Забрана за пречење. Ако не ви се допаѓаат зададените звуци, одете на Buy More Tones. Или, како што споменавме во претходниот текст, можете да поставите некои од снимените песни како звук за ѕвонење.

Оние кои веќе некое време користат iPhone сигурно забележале дека во случај на групни разговори можат да постават звуци за поединчените контакти, но не и за самиот разговор. Иако е ова направи-сам метоф, можете да го решите и тој проблем: ако на сите учесници на разговорот им ги доделите истите мелодии, ќе добиете унифициран звук.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!