imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се активира Dark Mode во macOS Mojave


Иако очекувавме дека ќе пристигне во iOS, Apple најпрвин го претстави Dark Mode за macOS. Dark Mode е една од најспектакуларните промени во дизајнот во изминатите неколку години, а сега ќе ви покажеме како да го активирате, но само ако сте ја преземале бета верзијата за програмери на системот macOS Mojave.

Момоментиот OS на Apple за компјутери веќе ја имаше функцијата наречена Dark Mode, но во реалноста, тоа е само потемен начин на работа, бидејќи менито и dock-от се достапни во потемна боја. Тоа беше доволно, бидејќи корисниците сакаа Dark Mode на iOS.

Apple не би бил Apple кога не би ги исполнил сите наши желби: ни го дадоа Dark Mode, но и не ни го дадоа. Претставија темна тема таку каде што всушност не ја ни очекувавме: во macOS. Се испостави дека црното навистина му одговара на macOS.

За да ја активирате оваа функција, се што треба да направите е:

  • Да влезете во поставките на системот
  • Да го отворите менито General
  • И во одделот Изглед да ја изберете темната слика на десната страна.

Тоа е се. Единствен проблем е ако сте ја избрале светлата тема, Dock и менито повеќе не можат да бидат темни.

P.S.: Втората бета верзија за програмерите на macOS е објавена вчера. Не знаеме кога ќе пристигне јавната верзија, но се надеваме дека нема долго да чекаме.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.