imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да се исчисти валкан Lightning порт


Lightning портот за полнење е како вашиот папок, собира нечистотија. Бидејќи вашиот телефон секојдневно не се тушира, полнењето може да почне да станува нестабилно по некое време; За среќа, лесно можете да го решите овој проблем.

Вие или вашите пријатели, може да ги однесете iPhone уредите на сервис, кога воопшто нема да можат да се полнат. Решението можеби е полесно отколку што мислите. Треба само да го исчистите Lightning приклучокот.

За жал, без оглед на тоа колку сте внимателни со вашиот iPhone, Lightning портот може да собере многу нечистотија и друго ѓубре по некое време. Ова вообичаено не предизвикува никакви проблеми, но може да се случи телефонот да доживее проблеми со полнењето, или воопшто да не се полни. Нечистотијата што ја гледате на насловната фотографија е се што имаме во нашите телефони: брзо ги исчистивме да покажеме колку нечистотија може да се собере таму.

Ако не можете да ја приклучите главата за полнење во портот, и главата се заглавува или чудно е поставена, немојте ништо да правите на сила. Можно е да има некои поголеми делчиња или малку кал заглавено во портот: ако погледнете внимателно, можете дури и да ги видите со голи очи.

Што да правите?

Не се обидувајте да ја измиете нечистотијата од iPhone-от, дури и ако користите iPhone 7 што до некој степен е водоотпорен. Обидете се да го решите проблемот без користење на вода, бидејќи може да навлезе во уредот и нема да ја отстрани нечистотијата.

Немојте да чепкате во внатрешноста на портот со игла или друг објект направен од метал, затоа што многу лесно може да ги оштетите нежните спојни ленти во внатрешноста.

01_how_to_keep_the_lightning_port_clean

Најлесно решение како да се исчисти Lightning портот е со чепкалка за заби, со чие користење внимателно треба да се отстранат сите нечистотии заглавени во приклучокот. Ако имате пријател кој исто така има iPhone, можете на телефонот да ја користите опцијата батериска лампа за да го осветлите Lightning портот, за да видите дали има останато некаква нечистотија.

02_how_to_keep_the_lightning_port_clean

Лицето кое го сервисира телефонот во видеото користи метален предмет, но судејќи според состојбата на телефонот, тоа навистина не е важно. Вие дефинитивно треба да се придржувате до методот со чепкалка за заби, но методот изгледа воглавно исто. Можете сами да го сторите истото со чепкалка, наместо да одите во сервис да ви го исчистат телефонот.

Среќно ловење на нечистотијата, но бидете внимателни!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!