imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се користи оптимизираниот простор во macOS?


Без разлика дали се работи за SSD со големина од 128 GB или за HDD со големина од неколку терабајти, едно е сигурно: простор за складирање на податоци никогаш нема доволно. Токму затоа macOS има многу паметен систем кој ја надзира количината на слободен простор во вашиот драјв, и во моментите на очај може да ослободи простор колку што ви треба.

Посебно не сум вешт во организирање податоци на својот компјутер. Еден од оние корисници сум кои веруваат дека е полесно да се заврши работата ако сите фајлови ги чувам на Dock. А кога просторот за складирање ќе се наполни, морам да вложам и неколку часа се да организирам. Уште повеќе, таквиот пристап бара повеќе време и труд отколку кога се трудиме да го одржуваме системот организиран и без непотребни фајлови.

Оптимизирањето на просторот за складирање може да биде многу корисно, посебно ако на својот компјутер имате многу фотографии и видеа кои не ги користите секој ден. Тоа всушност значи дека овие податоци не треба да ги имате локално и надвор од мрежата на својот Mac. Ако го отворите менито на Apple, одете на About This Mac, па на табот Storage и ќе видите колку дел од просторот за складирање заземаат системот, документите, апликациите и другите податоци, како контактите.

Таму ќе пронајдете и некои фолдери од кои не можете да се ослободите, односно кои системот може автоматски да ги дуплира на вашиот простор за складирање на iCloud, па привремено да ги избрише од вашиот компјутер.

За тоа да го направите, одете на Manage… па на менито Recommendations. Тука можете да ја пронајдете опцијата Reduce Clutter, која ви помага да ги прочистите сите фајлови кои не ги користите и да поставите автоматско чистење на Trash. Исто така, имате можност да ги избришете сите филмови во iTunes кои сте ги гледале и да поставите синхронизација со iCloud. Токму тоа сега и ви треба – притиснете на копчето Store in iCloud.

Изберете ја опцијата Desktop and Documents и поставете синхронизација со облак. Така ќе му помогнете на системот да ослободи простор кога е тоа потребно и да почне да копира фајлови на iCloud. Овој метод функционира хронолошки, значи на облак најпрвин се испраќаат фајловите кои најдолго не се отворале, на пример архивираните документи од Pages или фотографиите снимени пред повеќе години.

Во случајот на фотографиите и видеата, ова функционира малку поинаку. Пред синхронизацијата со iCloud, системот ќе генерира верзии на фајловите со полош квалитет кои ќе останат подготвени на вашиот хард диск, како верзии за приказ.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.