imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Како да се одјавите од претплатите на iPhone


Апликациите за iPhone, iPad или Apple TV може да нудат купувања во апликација или опции за претплата што може да ги иритираат корисниците што не се толку добро информирани за лавиринтот на iTunes Store. Во овој текст, ќе ви ги посочиме сите важни опции што треба да ги побарате, за да не трошите пари непотребно.

Најпрвин, треба да се направи поделба меѓу класичните купувања во апликација и претплатата. Првото значи еднократно купување што Apple веднаш го повлекува од вашата картичка: овие купувања вклучуваат кога купувате музика или филм од iTunes, или купувате понатамошни нивоа во некоја игра, животи или виртуелни валути во игри. Спротивно на тоа, апликациите базирани на претплата нудат месечна услуга за која треба да платите месечен износ, баш како што плаќате за вашиот телефон, интернет или претплата за ТВ.

01_how_to_unsubscribe_from_services

Можете да ги сметате различните апликации за фитнес, музичките стриминг сервиси како Spotify, Apple Music или Netflix во оваа категорија. Овие содржински услуги наскоро сфатија дека треба да им овозможат бесплатен пробен период на корисниците, за да им биде полесно да се да се врзат за одреден сервис пакет и да плаќаат месечен надомест. Овој период значи три месеци во случајот на Apple Music, додека еден месец во случај на Netflix. Кога ќе активирате бесплатен пробен период, автоматски се претплатувате на услугата (и веднаш добивате известување и сметка од Apple, иако не морате веднаш да платите), и по завршувањето на бесплатниот период, ќе го повлечат месечниот надомест од вашата сметка.

Претплатувањето е многу полесно од одјавувањето, па многу луѓе забораваат или едноставно игнорираат да го сторат тоа, што значи дека постојано ќе губат 5-10 евра од сметката секој месец, без тие пари да бидат правилно искористени. Не се грижете, можете да ја сопрете претплатата во секое време преку неколку кликнувања. Најлесен начин да се направи тоа е на вашиот iPhone или iPad, но секако, тоа исто така можете да го сторите и преку десктоп iTunes апликацијата.

Одјавувањето може да се направи во седум чекори на било кој iOS уред:

1. Отворете Settings.
2. Скролајте долу до iTunes и App Store табот.
3. Притиснете на вашиот Apple ID.

02_how_to_unsubscribe_from_services

4. Изберете ја опцијата да го погледнете вашиот Apple ID.
5. Скролајте долу и притиснете на табот Subscriptions.
6. Тука, избете од Active list која претплата повеќе не ви е потребна.
7. Притиснете на опцијата да ја избришете претплатата.

03_how_to_unsubscribe_from_services

Забелешка: тука можете да се откажете од претплатата што сте ја направиле преку iTunes Store. Би можело да се случи, претходно да сте претплатени од веб-страницата на програмерот, како во случајот на Spotify – тогаш, можете да се одјавите само преку веб-страницата, овој метод нема да биде корисен за вас.

Ако сте купиле некоја апликација што не сте ја сакале, не ви се допаднала, или сте се предомислиле за купување во апликацијата, тоа исто така можете да го направите тука.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!