imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се ослободите од наредбата CMD + Q


Веројатно секој нов корисник на Mac има проблеми со наредбата CMD (⌘) + Q, односно кратенката со која се затвораат сите апликации. Најголемата потешкотија е во тоа што буквите Q и W се една покрај друга на тастатурата, а во комбинација со копчето CMD стануваат кратенки со прилично различни намени. 

Веќе пишувавме за разликата помеѓу тастатурата за Windows и Mac, па ќе продолжиме со таа тема и во овој текст ќе се посветиме на кратенката CMD (⌘) + Q. Се работи за корисна кратенка, но проблемот е во тоа што копчињата Q и W се едно покрај друго. Со оглед на тоа дека положбата на овие копчиња е еднаква на сите тастатури, можеме лесно да погрешите и да излезете од целата апликација наместо само да го затворите моментно активниот прозорец.

Кратенката CMD (⌘) + Q е системска кратенка, па не можете само да ја избришете. Меѓутоа, можете да ја промените наредбата и да поставите нешто што нема да направи многу штета, но јасно ќе ви даде до знаење дека нешто погрешно сте притиснале.

Замената на боите можеби е идеално решение, бидејќи оваа функција не е активна според зададените поставки. За да ја активирате, одете на System Preferences > Keyboard > Shortcuts > Accessibility, па означете ја куќичката покрај Invert Colors. Исто така, поставете кратенка на ⌘Q.

Постои и друго решение, бидејќи наредбата CMD (⌘) + Q е всушност многу корисна кога навистина сакате да затворите некоја апликација. Karabiner апликацијата ви овозможува да ја персонализирате својата Mac тастатура, па така и наредбата CMD (⌘) + Q. Откако ќе ја преземете и инсталирате апликацијата – можеби ќе треба да овозможите инсталирање апликации од претставените програмери во System Preferences – отворете ја. Одете на табот Complex Modifications и тука поставете свои правила.

Одете на Add rule, па отворете Import more rules from the Internet. Тука побарајте внес на Prevent unintended command-q и притиснете Import. Можете да додадете три различни правила, но бидете внимателни бидејќи едно правило ќе биде примарно. На пример, ако го поставите правилото Quit application by pressing command-q twice, тогаш правилото Quit application by holding command-q ќе биде пониско на листата, и автоматски нема да вреди.

Во случај да го изберете правилото Quit application by holding command-q, во табот Parameters можете да подесите колку долго треба да ги држите копчињата за да се стартува наредбата.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!