imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да се провери состојбата на батеријата на Bluetooth уредите


Благодарение на длабоката интеграција на уредите на Apple и додатоците како AirPods, на секој уред можете да ја проверите состојбата на батеријата на додатоци. Ако случајно само што сте влегле во светот на Apple, ова е текст за вас.

Apple го создаде W1 чипот како спој на различните Bluetooth технологии, а прв пат е претставен во 2016. година, со лансирањето на безжичните AirPods слушалки. Оваа технологија осигрува совршена соработка помеѓу соодветните аудио уреди и iPhone, iPad или Apple Watch.

Со претставувањето на iOS 11, уредите со W1 чип и другите додатоци како Apple Pencil и Apple Watch, исто така и се „придружија на екипата”. Со други зборови, сега лесно можете да ја проверите состојбата на батеријата на уредите поврзани со вашиот часовник, смартфон или таблет. Да погледнеме како тоа функционира на различните уреди.

Прикажување на состојбата на батеријата на Apple Watch

  1. Разбудете го Watch.
  2. Повлечете горе преку екранот.
  3. Притиснете го копчето кое го прикажува процентот на батеријата на Apple Watch.

Тука можете да ја видите листата на сите уреди поврзани со iPhone или директно со Apple Watch.

Прикажување на состојбата на батеријата на iPhone и iPad

  1. Одете на Widgets
  2. Притиснете Edit.
  3. Додајте ја иконата Batteries.

Тука ќе ја видите состојбата на батеријата на слушалките, но и Apple Pencil и Apple Watch.

Кои аудио уреди го содржат W1 чипот?

Мометно само AirPods ја вклучуваат оваа технологија. Меѓутоа, производите од марката Beats, како Beats X, Powerbeats 3 и Beats Solo 3, исто така имаат W1 чип.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.