imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како да спречите автоматско отворање на iTunes


Ве нервира иконата на iTunes која непрестано се појавува на Dock? Гледајте и учете!

Кога би морал да наведам три работи кои навистина не ги сакам на Mac, постојаното отворање на iTunes дефинитивно би била една од нив. Без оглед на тоа колку е добро решението кое ја препознава целата музика и филмските фајлови и веднаш ги отвора, знае да биде иритирачки. Се на се, воопшто не користам iTunes, а за да го спречам постојаното отворање, го направив следното.

Блокирање на автоматско стартување по повторното стартување

Можете ли да се сетите на ситуација во која повторно сте го стартувале вашиот компјутер, а многу програми се отвориле сами од себе? Воглавно се работи за cloud услуги, клиенти за преземање и iTunes. За среќа, можете да ги спречите. Се што треба да направите е да отидете на System Preferences > Users & Groups. Тука изберете ја саканата сметка и кликнете на картичката Login Items.

Освен означувањето на апликацијата, би требало да ја отстраните од листата со клик на “-” копчето кое се наоѓа при дното. Ако го отстранувате iTunes од вашата листа, тој нема автоматски да се отвори по повторното стартување на вашиот Mac.

Спречете автоматско синхронизирање на iPhone и iPad

При поврзувањето на вашиот iPhone или iPad со вашиот Mac, iTunes автоматски се отвора. Ви звучи ли ова познато? Да бидам искрен, ги приклучувам своите уреди на компјутер кога сакам да ги наполнам. Не создавам сигурносни копии на тој начин, ниту префрлам фајлови. Поради тоа, општо гледано, отворањето на iTunes e залудно. Постои решение со чија помош тоа можете да го спречите:

  • Отворете iTunes
  • Одете на iTunes > Preferences менито
  • Изберете Devices
  • Означете Спречи автоматска синхронизација на iPod, iPhone и iPad

Спречете автоматско отворање на iTunes по преземањето

Според основните поставки, ако преземате песна или отварате App Store во Safari, iTunes автоматски ќе се отвори, а во најлош случај – ќе почне да свири музика. За тоа да се спречи, инсталацијата на додаток за Safari се чини како најдобро решение. Името на додатокот: NoMoreiTunes, што говори многу за додатокот. Употребата е прилично едноставна:

  • Преземете го проширувањето
  • Два пати кликнете
  • Означете го додатокот како доверлив

Тоа ќе стави крај на кошмарот на автоматско отворање на iTunes прозорецот. Ова би можело да биде единственото решение за корисниците на Safari, но имаме методи и за корисниците на Chrome и Firefox. За блокирање на iTunes во тие прелистувачи, не морате ништо да преземате – се што треба да направите е да се блокира JavaScript.

Chrome:

  • Отворете Chrome
  • На горната лента изберете Префернцес на менито Chrome
  • Пронајдете Advanced и отворете го тој оддел
  • Пронајдете Content Settings
  • Изберете JavaScript
  • Во одделот Block додајте ја веб-страницата itunes.apple.com

Firefox:

  • Отворете Firefox и кликнете на полето за пребарување
  • Залепете го следното: “about:config” – без наводи
  • Прифатете го ризикот
  • Побарајте “javascript.enabled”
  • Два пати кликнете на внесот за вредноста да се промени од ‘true’ на ‘false’

Напомена: тоа ќе го спречи стартувањето на JavaScript на секоја веб-страница во Firefox.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!