imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како е направено: Portrait Lighting – видео


Зошто Portrait Lighting фотографиите снимени на iPhone изгледаат така реално? Apple во видеозапис ни покажа повеќе за тоа. 

Portrait Lighting е една од најдобрите функции на iPhone X и iPhone 8 моделите. Благодарение на TrueDepth системот на камера, со леснотија можете да создавате уметнички портретни фотографии и портретни селфи, зависно од тоа од која страна на уредот се наоѓате. Во нивното неодамнешно видео можеме да видиме дека поимот уметнички воопшто не е претерување, бидејќи Apple ја разви функцијата со помош на современи сликари и фотографи.

Не само што ја проучивме портретната фотографија. Се вративме до времето кога се користеше бојата, – рече Johnnie Manzari, член на Human Interface тимот на Apple.

Замислете многу инженери, дизајнери и маркетиншки експерти кои би сакале да создадат уред кој укажува на нов правец и содржи корисни функции за сите корисници. Размислуваа за тоа како да создадат фунцкија која покажува што се можат да направат хардверските и софтверските надградби. И настана идејата: што кога би ги филтрирале стуио светлата?

Звучи едноставно, но всушност е прилично тешка задача за програмерот да ја преведе уметноста на јазикот на математиката. Побараа помош од елитните современи уметници и почнаа да проушуваат како режиските светла можат да работат со различните лица. Резултатот говори сам за себе, а Portrait Lightning работи многу интуитивно благодарение на неверојатните софтверски решенија.

И токму тоа беше главната цел на Apple. Како што можете и да видите во видеозаписот, претходно, ако сте сакале да имате таква фотографија, ви беше потребна помошта на целиот тим луѓе за да ја добиете. Сега, потребен ви е само еден клик. Иако фотографиите кои се снимени со iPhone не припаѓаат во портфолијата или на рекламните паноа, совршени се за социјалните мрежи и семејните фото-албуми.

Извори: MacRumors и BuzzFeed

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!