imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Како повторно да ги споите одвоените iMessage разговори


Можеби сте слушнале луѓето да се жалат дека iMessage не се синхронизира правилно, поради што одвоено ги добиваат пораките на нивните MacBook и iPhone уреди. Поправањето на оваа грешка воопшто не е тривијален процес, па еве кратко објаснување како да го решите проблемот, доколку наидете на него.

iCloud синхронизацијата и Continuity се одлични работи, посебно кога работат. За жал, можете да наидете на ситуација каде ќе се појави грешка во овој перфектен систем. Ова навистина може да му се случи на секого: iMessage одеднаш запира да ги синхронизира пораките меѓу лаптопот и смартфонот. Резултат на ова (покрај неизбежната нервоза која ја предизвикува овој проблем) е што ќе ги добивате пораките на едната или на другата платформа и нема да се појавуваат на двете.

01_how_to_reconnect_detached_imessage_conversations

Ова одвојување може да биде навистина незгодно и за другата страна, бидејќи иако зборуваат со иста личност, тие се уште имаат две различни теми во пораката. Тие нема да можат да одлучат која тема да ја користат, за да бидат сигурни дека пораката навистина е прочитана. Доколку пребарувате на интернет за решение, може да налетате на следното објаснување, кое дава прецизно резиме за тоа колку здодевен може да биде овој проблем:

Тарзан има iPhone и iMac, Џејн исто така има iOS уред.

Кога Тарзан со својот iPhone ќе и испрати iMessage на Џејн, таа ќе ја добие од „Тарзан“ (Оваа порака била поврзана со неговиот телефонски број).

Сега, кога Тарзан ќе и испрати iMessage на Џејн од неговиот iMac, Џејн ќе ја добие од „Тарзан”, но во посебна тема. (Оваа порака била поврзана со неговата мејл адреса).

Сега Џејн е во опасност и сака Тарзан да ја спаси, па го грабнува нејзиниот iPhone, ги отвора последните разговори со Тарзан и му праќа порака „Помош“.

Но Тарзан е во џунглата и со него е само неговиот iPhone.
Џејн ја убиваат бидејќи iMessage пораката била испратена на iMac-от на Тарзан, а не до неговиот iPhone.

Грозно, зарем не? Дефинитивно треба да го исправите овој проблем со цел да избегнете да се случи нешто слично. Ситуацијата можеби се појавила поради форматирање на MacBook-от, кој потоа некако ја оневозможил синхронизацијата кога лаптопот бил реинсталиран. Решението е повторно да се поврзе телефонскиот број со Apple ID.

02_how_to_reconnect_detached_imessage_conversations

За ова, одете во Settings / Messages / Send & Receive во вашиот телефон. Под табот “You can be reached by iMessage at” ќе биде испишан вашиот телефонски број. Притиснете го “Add Another Email” копчето и потоа додадете ја мејл адресата која ја користите за разговори на вашиот лаптоп (ова вообичаено е мејл адресата која е поврзана со вашата Apple ID).

После ова, ќе добиете предупредување на вашиот лаптоп дека вашата мејл адреса била додадена во iMessage. Притиснете OK.

Кога ќе го завршите ова, отворете ги iMessage подесувањата на лаптопот и притиснете на Accounts табот. Штиклирајте ги сите адреси кои сакате да ги синхронизирате под табот “You can be reached by iMessage at”. Кога се е завршено, вие теоретски сте готови, но понекогаш може ќе треба да го вклучите и исклучите iMessage, со цел системот да препознае дека повторно треба да биде синхронизиран.

03_how_to_reconnect_detached_imessage_conversations

Вашите теми ќе бидат синхронизирани после ова, и ќе ги добивате пораките на двете платформи. Ура!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.