imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Како AirPods се поврзуваат со Apple TV?


Apple TV работи во совршена хармонија со сите уреди со поддрша за AirPlay. Но каква е ситуацијата со AirPods?

AirPods се поврзуваат инстантно. Оваа функција ги донесе меѓу најпопуларните слушалки и во категоријата безжични производи, сега се најбаран производ. Кога ги користите со Вашиот iPhone можете да почувствувате сензационалното отварање на капакот на кутијата на слушалките и iOS уредот во Вашата рака ќе Ви понуди избор за поврзување со слушалките во моментот. Но, што ќе направите во случај кога сакате да ги поврзете со Apple TV?

Праведно прашање … други производители измислиле решенија како компатибилен приклучок во далечинскиот управувач. Тоа е доста удобно, но не е исто. AirPods нудат целосно безжично решение, а далечинскиот управувач на Apple TV нема таков конектор. Сепак, tvOS не содржи вообичаена pop-up картичка. Значи прв пат ќе мора да ги спарите двата уреди.

Најпрво мора да бидете сигурни дека Вашиот уред има tvOS 11 и сте пријавени со иста iCloud сметка што ја користите на Вашиот iPhone. Отворете го капачето на кутијата на слушалките и притиснете го копчето на задниот дел на кутијата. На Apple TV одете во Settings и побарајте Remote> Device> Bluetooth. Откако спарувањето ќе биде успешно, треба да ги изберете Вашите AirPods како активен уред што ќе го користите.

За да го направите тоа, притиснете го копчето Play / Pause на далечинскиот управувач додека сте во главното мени и изберете AirPods од листата. Можете исто така да се поврзете со Вашите AirPods користејќи Siri. Ако е активирано, притиснете го копчето Siri на далечинскиот управувач и кажете му на Siri: “Connect to my AirPods!”. Исто така е интересно дека Siri останува неактивна на поврзаните AirPods, таа ќе биде достапна преку далечинскиот управувач, но функциите за допир сè уште остануваат употребливи.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!