imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Кина гради квантна мрежа


Што? – ќе се запрашате читајќи ја оваа вест за прв пат. Како и да е, еднаш кога ќе погледнете во овој предмет, изавадете ги надвор вашите стари книги по физика од средно училиште, навлезете повеќе во тајните на квантниот заплет, и можеби ќе дојдете до сознание дека ако стане реалност, ќе биде многу sci-fi и наизглед важен чекор за начинот на кој функционира комуникацијата.

Нашиот прв страв гледајќи ја оваа вест не доведе до добрата стара Википедија страница каде што можете да го прочитате следниот опис за квантните мрежи:

Квантните мрежи формирааат важен елемент на квантните компјутери и системите на квантната криптографија. Квантните мрежи овозможуваат пренос на квантни информации помеѓу физички одвоени квантни системи. Во дистрибуирани квантни компјутери, мрежните јазли во мрежата може да преработуваат информации што служат како квантни логички порти. Безбедната комуникација може да се спроведе со користење на квантните мрежи преку дистрибуција на квантните клуч алгоритми.

Ние не велиме дека се е јасно во овој став, но тоа е добра почетна точка. Ќе се обидеме да го објасниме тоа што го разбравме од овие концепти; ако нешто не е така, некои читатели физичари, нека се чувствуваат слободни да не поправат.

Најпрво, ајде да разговараме за квантните битови, или гига битови, бидејќи тие се оние што може најлесно да се разберат. Ова е квантна механика аналогна на малку познатата традиционална информатичка технологија, или попрецизно двостеоен “information crumble” кој вообичаено можр да биде 1 или 0. Гига бит е малку поспецијален од тоа, како што може да биде во суперпозиција на двете состојби во исто време, но тоа не е нешто со што треба да се занимаваме сега.

Вториот клучен концепт е квантното заплетување. Темелот на оваа теорија го поставија Ајнштајн и другите во 1930-те години. Идејата на овој феномен е две елементарни честички (во овој случај, фотони) можат да бидат меѓусебно поврзани под одредени посебни околности. После тоа, тие ќе градат нешто слично на системот, освен што исто така ќе бидат разбирливо одвоени. Сите знаеме дека ако нешто се промени во состојбата на една честичка, тоа веднаш ќе влијае на состојбата на другата честичка.

Она што е така интересно е дека ако два фотона се заплеткани на овој начин, без оглед на тоа колку се далеку еден од друг, промената на стостојбата на еден фотон ќе има непосреден учинок на состојбата на другиот. Тоа значи дека без оглед на тоа дали еден од фотоните е оддалечен милиони светлосни години од другиот, ако промената му се случува на едниот од нив, другиот веднаш ќе се промени. Тоа во основа значи дека информациите можат да се пренесат побрзо од брзината на светлината (иако знаеме дека стручњаците од оваа област не би се согласиле со таа изјава), што би требало да биде невозможно според нашето моментно ниво на знаење. Но не е, докажано е дека постои.

Тука доаѓа НО. Оваа теорија е убава и одлична, но реалноста е дека квантните врски се многу нежни и пробувајќи да се одржат дури и на релативно кратка оддалеченост предизвикува мноштво проблеми, не сме ни блиску до делот на светлосните години на оваа теорија. Да не споменуваме дека дури и најмала пречка може да ја прекине врската, што го прави невозможно собирањето на информации. Би биле сретни со неколку илјада километри додека Елон Маск сите не претвори во меѓугалактички вид.

Зошто ова значи револуција на комуникацијата? Затоа што на овој начин едноставно би можеле веднаш да ги проследиме податоците помеѓу двете места. Повторно, ова е многу едноставен пример, но замислете го следното: имате двет институции на различните страни на светот. Инситуцијата А сака да и прати енкрипциски клуч на институцијата B. Ако институцијата А има фотон кој има заплетен пар во институцијата B, тогаш се што мораат да направат е да ја променат состојбата на фотоните помеѓу 1 и 0 во институцијата А. Сосотојбата на фотоните во институцијата B веднаш ќе почне да се менува. На институцијата B не и преостанува ништо освен забележување на овие промени, и веднаш ќе има клуч без било каков вид на доцнење.

Ако сонуваме малку повеќе од тоа, би можеле дури и да замислиме создавање на цели квантни комуникациски мрежи кои би можеле да работат помеѓу Земјата и вселената благодарејќи на сателитите кои кружат околу Земјата.

Ова е систем за кој создале база на Кинеската Академија на науките.

Испратија сателит во вселената каде создадоа заплеткани фотони со помош на посебен кристал. Сателитот потоа ги дистрибуираше помеѓѕ три земијни станици кои се оддалечени илјадници километри една од друга. Ова не е само рекорд во оддалеченоста, туку и прв успешен експеримент меѓу Земјата и вселената.

Уште една голема предност која ја има оваа технологија е дека е исклучително сигурна, бидејќи информациите постојат само на две точки од оваа врска, не можете да ги пресретнете на патот. Ова ќе биде супер!

Не можеме да дочекаме ги видиме првите quantumG iPhone уреди, а велат дека iPhone 9 ќе биде токму таков.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!