imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Колку време поминувате користејќи апликации?


Секако дека многу лесно можеме цел ден да го поминеме со iPhone во рака, но која апликација најмногу ја користиме? Тоа можете многу лесно да го дознаете со помош на следниот метод.

Пишувајќи го овој текст, истовремено се чувствувам засрамено и задоволно. Засрамен сум бидејќи го користам својот телефон четири до пет часа дневно, а до пред неколку години најмногу време поминував на Facebook и Messenger. Но само малку!

Просечен корисник поминува помеѓу два и три часа дневно на мобилниот телефон. Тоа вклучува проверување на временската прогноза, читање мејлови и вести, општо сурфање и гледање на омилените канали на YouTube. Со оглед на тоа дека пред 10 до 15 години еднакво толкаво време им посветувавме на другите медиуми – како весници, телевизии и радија – ovie два до три (или повеќе, како во мојот случај) посветени на мејлови и сурфање и не е некоја голема промена.

Меѓутоа, како можете точно да знаете колку време поминувате користејќи го својот смартфон? Овој податок лесно ќе го откриете ако ја проверите потрошувачката на батерија:

  1. Одете на Поставките.
  2. Пронајдете го менито Батерија.
  3. Почекајте да се вчита прецизната дијагностика на батеријата, па притиснете на иконата на часовникот.

 

На листата ќе пронајдете два вида на податоци: времето поминато на активните апликации и на оние кои се вртат во позадина. Секако, во овој случај поважно ни е да видиме колку време трошиме на активните апликации, а вкупниот број ќе ни го даде точното време поминато на телефонот.

Забелешка: Интересно е дека на Youtube е потрошено многу време, но додека се врти во позадина. Оваа апликација не би требало да биде активна додека уредот е заклучен, па ако имате идеја зошто тоа се случува, ве мобиле да ни оставите коментар.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.