imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Компресирање на PDF фајлови на Mac


Ако сакате да ги сместите своите документи во формат кој е достапен за секоја платформа, најдобро е да изберете PDF. Меѓутоа, така обично се добива голем фајл, па да погледнеме како можеме да му ја намалиме големината.

Секојдневно работиме со PDF фајлови, тоа е формат кои сите можат да го отворат и едитираат. Лесно е читлив и со многу квалитетен излезен облик. Меѓутоа, неговата големина лесно може да достигне и неколку десетици илјади мегабајти, со што просторот за складирање на iPhone и iPad може брзо да се наполни.

Mac крие опција за намалување на фајловите во PDF, со минимално нарушување на квалитетот. Во случај да се работи исклучиво за текстуален документ, нема да има никаква промена; меѓутоа, ако се вклучени и слики, нивниот квалитет може да биде малку намален. Со тоа на ум, лесно можете да го прилагодите намалувањето на големината на фајлот.

Пронајдете поголеми PDF фајлови во Finder. Отворете ги во Preview, а потоа отворете го менито File и изберете Export… Тука лесно можете да креирате и копија на фајлот, да и дадете име и ознаки, и да ја подесите компресијата. Ако само го менувате начинот на компресирање, лесно можете фајлот да го замените со нов, кој ќе зазема само десетина од просторот во однос на оригиналот.

Во Quartz Filters изберете Reduce File Size. Мене оваа опција ми се покажа најдобра, но слободно испробајте и некои други. Не можете да го подесите степенот на компресија, но тоа не е важно. Во одредени случаи, можете да ја намалите големината на фајлот и за 90 до 95 проценти, но обично се работи за вредности од околу 55 проценти.

Внимавајте: Ако сакате компресирајте помал фајл (со големина, на пример 1,5 MB), добиениот фајл може да биде дури и поголем од оригиналниот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.