imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Контролирање на iPhone со вашите очи


Еден млад учесник на WWDC конференцијата неодамна откри дека благодарение на новите функции на iOS 12 ќе можете да го контролирате својот iPhone со вашите очи. Оваа технологија сама по себе содржи многу потенцијални полиња на примена.

Дали ви е здодеано постојано да го допирате вашиот телефон? Дали вашите прсти се уморни? Дали сте се сретнале со феноменот деформација на малиот прст поради употреба на паметниот телефон? Ве плаши ли толкавата телесна активност? Имаме добри вести за вас: благодарение на iOS 12, што го покренува ARKit 2.0, наскоро ќе имате прилика да го следите вашиот iPhone со очите додека седите на кауч, целосно неподвижни.

Феноменот ‘smarthphone pinky’ навистина постои…

Со нешто посериозен тон, овој невообичаен метод на интеракција би можел да има многу предности и можности, ако го комбинираме со употребата на прстите. При готвењето, не морате да го допирате вашиот телефон со валкани прсти. И секако, постојат други потенцијали на оваа технологија во областа на функциите за пристапност, на пример, дефинитивно би и посакале добредојде на функцијата како оваа за управување со Apple TV и така натаму.

Matt Moss, стипендист на WWDC, имаше прилика да ја тестира бета верзијата за програмери на iOS 12. При тестирањето, откри дека платформата за проширена реалност ARKit 2.0 нуди неколку возбудливи можности, на пример следење на окото. Го интересираше колку оваа функција е всушност прецизна, па поради роа разви апликација за да ја тестира.

Па, се чини дека е прилично прецизна (секако, не би требало да ги занемариме светлосните услови). Објавата покажува дека можете да управувате со вашиот телефон само гледајќи во копчињата и да кликнете на нив кога ќе намигнете. Прилично супер!

Извор: Highsnobiety

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!