imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Конфигурирање на апликацијата Workout на Apple Watch


Оние кои редовно вежбаат сакаат да го користат паметниот часовник на Apple како помош. Но, дали го користите исправно?

Можете да следите многу спортски активности на својот Apple Watch, и да поставите било кои вежби кои не се достапни како зададена опција. Во текот на различните вежби, различни податоци можат да ви пружат доволни информации. Добро е да се знае дека можете да ги прилагодите тие активности една по една. На тој начин можете да го поставите уредот да го прикажува траењето или отчукувањето на срцето, можеби преостанатата оддалеченост или се од наведеното.

Се што треба да направите е да ја отворите апликацијата Watch на вашиот телефон и на My Watch картичката да ја пронајдете Workout. Тука можете да поставите дали сакате да видите еден или повеќе мерни податоци на вашиот Watch. Ако изберете еден, тогаш можете да се движите помеѓу вредностите со вртење на Digital Crown.

Исто така, можете да го промените и редоследот. Да го земеме за пример човекот кој редовно трча. Нему активните калории не му се толку битни како моментната и просечна брзина. Во горниот десен агол притиснете Edit за да го додадете или промените редоследот на различните мерни податоци.

Можете да прикажете минимално 2 и максимално 5 вредности кои можете да ги поставите баш онака како што вие сакате. Но, ако сакате да изгубите на тежина и да правите бавни и постојани вежби, се исплати да се прикажуваат отчукувањата на срцето.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.