imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Користете Dock на вашиот Apple Watch


Од Dock на Apple Watch можете едноставно да им пристапите на неодамнешните и најчесто користени апликации. Исто така, можете да одредите кои апликации ќе бидат прикажани таму. Да ги погледнеме поставките на Dock!

Го допирам својот Watch неколку пати на ден; не морам повеќе од тоа, бидејќи се што е важно е неколку допири понатаму. Dock е огромна предност. Вашиот часовник тука ќе ги наведе сите неодамна користени апликации. Многу едноставно можам да ги пронајдам Messages, Nike+ и Heart rate. Исто така, многу лесно можете да ги поставите овие апликации на врв, за неодамна користените апликации да не ги турнат назад.

За тоа да го направите, треба да копате малку подлабоко во поставките на апликацијата Watch. Отворете ја и притиснете го Dock менито. Тука можете да избирате помеѓу Recents и Favorites. Првата, очигледно, ќе ги прикажува апликациите кои моментно се користат, додека другата ќе ја прикаже листата на избрани апликации.

За да го промените редоследот на вашата листа притиснете Edit во горниот десен агол. Можете да ја проширите вашата листа со притискање на зеленото копче или да ја намалите со притискање на црвеното копче. За промена на редоследот, повлечете го секој елемент, држејќи го од десна страна. Ако притиснете Done, листата веднаш ќе биде надградена.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!