imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Користење на AirDrop на прастарите Mac-ови


Во нашата канцеларија секојдневно ја користиме услугата на Apple за споделување податоци, AirDrop и тоа на iPhone, iPad и Mac. Се работи за едноставна и интуитивна услуга, но има еден недостаток, сите Mac-ови немаат поддршка за неа.

Нормално е дека уредите стари десет и повеќе години ги немаат истите функции како најновиот MacBook Pro или iMac. Не е важно дали имате постар уред – и натаму лесно можете да го користите AirDrop. Потребна ви е само малку магијата на Terminal. Еве кои модели ја имаат потребната поддршка:

  • MacBook Pro (доцна 2008. или понов)
  • MacBook Air (доцна 2010. или понов)
  • MacBook (доцна 2008. или понов)
  • iMac (рана 2009. или понов)
  • Mac Mini (од средината на 2010. или понов)
  • Mac Pro (рана 2009. со AirPort Extreme картичка, од средината на 2010. или понов)

Значи, овие уреди имаат поддршка за оваа услуга. Друга важна работа е дека мораат да имаат OS X 10.7 или понов систем. Ако не можете да го пронаjдете својот уред на горната листа, можете да го користите AirDrop преку Ethernet влезот. Се што треба е да ги следите следните чекори:

  1. Отворете Terminal.
  2. Внесете ја наредбата defaults write com.apple.NetworkBrowser BrowseAllInterfaces 1 и притиснете Enter.
  3. Внесете ја наредбата killall Finder и повторно притиснете Enter.

Сега можете да го користите AirDrop на два начина. Можете да отворите Finder и да го изберете AirDrop од страничното мени, па така да ги испраќате фајловите на кого сакате. Друга можност е да го користите копчето Share со притискање на десното копче на глувчето. Самиот процес не може да му наштети на вашиот компјутер. Ако сакате да го исклучите AirDrop, во Terminal внесете ја наредбата defaults write com.apple.NetworkBrowser BrowseAllInterfaces 0, па повторно стартувајте го компјутерот.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.