imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Користење посебни лозинки за апликации


Apple воведува нова задолжителна сигурносна процедура за трети апликации што сакаат на овој или оној начин да пристапат до нашите лични податоци на iCloud. Наскоро ќе ви требаат посебно генерирани лозинки за да продолжите да ги користите овие апликации без проблем.

Лозинки посебни за апликации

Да, веста е точна, Apple ќе воведе нова заштитна мерка помеѓу своите корисници и phishing активноста од 15 јуни. Нема ништо ново околу оваа процедура, бидејќи Apple додаваше повеќе и повеќе мали сигурносни чекори на iCloud логирањето со цел нашите лични податоци, контакти и мејлови да бидат најсигурни. Во овој случај, Apple нема да им дозволи на овие апликации им пристапуваат и да ги користат гореспоменатите податоци, прескокнувајќи го чекорот со верификација во два чекора или two-factor автентикацијата. Околу 90 проценти од корисниците не се погодени од ова: веројатно нема ни вие ако најчесто ги користите системските апликации.

IMG_0198

Зошто е потребно ова?

Apple во мејл го пишува следното, известувајќи ги корисниците:

Почнувајќи од 15 јуни, посебните лозинки за апликации се потребни за да пристапите до вашите iCloud податоци, користејќи трети апликации како Microsoft Outlook, Mozilla Thunderbird или други услуги за мејл, контакти и календар што не се овозможени од Apple. Ако сте веќе логирани на некоја апликација со вашата примарна Apple ID лозинка, веднаш ќе бидете одјавени кога ќе стартува оваа промена. Ќе треба да генерирате посебна лозинка и повторно да се најавите.

IMG_0199

Што значи ова во пракса? На пример, ако им пристапите на вашите iCloud мејлови преку Microsoft Outlook, наскоро автоматски ќе бидете одјавени од вашата сметка. Секако, се уште ќе можете да ги користите овие апликации, но има апликации што оригинално не ја поддржуваат верификацијата во два чекора/two-factor автентификација, што значи дека може да претставуваат закана. Уште сега можете да ги исполните желбите на Apple во неколку лесни чекори за подоцна да не бидете изненадени. Прво, ќе треба да ја овозможите two-factor автентификацијата за вашиот Apple ID.

Како да поставам посебна лозинка за некоја апликација?

Можете да ја вклучите two-factor автентификацијата на следниот начин (ова се стандардните поставки за iOS 10.3 или поновите системи:

1. Побарајте ја иконата Settings на предниот екран.
2. Ќе го видите вашето име на врвот, притиснете на него.
3. Изберете го второто мени на кое пишува Password & Security
4. Под сменете ја лозинката, ќе ја најдете two-factor автентификацијата (може веќе да е овозможена), притиснете на тоа.
5. Додадете телефонски број на кој ќе го добиете кодот за верификација што е нужен за остатокот од процесот. Можете да изберете помеѓу опциите за текстуална порака или повик.
6. Со притискање на Next, ќе го добиете кодот.

IMG_0200

Креирање на посебни лозинки за апликации:

1. Логирајте се на страницата на Apple ID сметката.
2. Побарајте ја секцијата Security, каде што исто така можете да ги најдете специфичните лозинки.
3. Притиснете на Creating Password (креирање лозинка), и потоа следете ги инструкциите и создадете различни лозинки за секоја апликација.

Потоа, можете да се логирате на тие апликации со лозинките што сте ги креирале. Можете да ја промените вашата лозинка во Edit секцијата на Security табот, и можете да додадете до 25 лозинки на листата. Ако лозинката на вашиот Apple ID е модифицирана, овие лозинки исто така ќе бидат избришани. Не паничете, единствената работа што ќе се случи е тоа што системот автоматски ќе се одјави од сите апликации што го користат iCloud. Можете да додавате нови лозинки на вашата сметка користејќи го методот опишан погоре, што можете повторно пак да ги користите да се логирате.

Можете повеќе да прочитате за two-factor автентификацијата на следниот линк.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!