imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Кратка историја на iOS – Второ поглавје


Во понеделник, 5-ти јуни 2017-та, на својата годишна конференција за развојни програмери, Apple го претстави iOS 11, оперативниот систем за мобилни и таблети. Тоа е совршена причина за да се вратиме во минатото и да се потсетиме на некои добри, стари, носталгични моменти. Да погледнеме кои се клучни настани го одбележаа ова патување. Второ поглавје.

Во минатото поглавје го поминавме развојот на iOS до неговата прва верзија компатабилна со iPad, iOS 3.2. Во ова второ погравле, повторно седнуваме во возот наречен Носталгија и одиме на возење од iOS 4 до iOS 6, последниот OS кој не е дело на Jony Ive. Дами и господа, подгответе ги Вашите карти бидејќи не чека интересен пат.

01_brief_history_of_ios_chapter_two

iOS 4 – Мултитаскинг

Како што веќе спопенавме, мобилниот оперативен систем на Apple се викаше OS се до лансирањето на четвртата верзија. Токму со неа iOS почна да станува бренд. Не е случајност што се започна со познатиот iPhone 4, прекрасен нов дизајн, а го следеше iPad 2, кој ние го сметаме за најдобар и најквалитетет уред на Apple воопшто. Да не го заборавиме Android – тогаш е претставен Android 2.0 Eclair, поради кој и тој оперативен систем требаше да се сфаќа озбилно. Google во соработка со HTC го претстави својот прв Nexus мобилен, што претставуваше голем чекор за таа компанија и озбилна конкуренција на Apple. Поради се тоа, од компанијата од Купертино се очекуваше да лансира нешто спектакуларно. Па тоа и го направија.

02_brief_history_of_ios_chapter_two

Со iOS 4 е воведен мултитаскинг – односно истовремено работење повеќе активности – но на посебен начин. Апликациите не можеа да работат во позадина, со некои исклучоци. Меѓутоа, апликациите кои моментално се користеа, на пример нешто преземале, можеа да ја завршат задачата дуир и откако корисникот ќе излезе од апликацијата. Апликациите сега можеа да го зачуваат својата содржина пред затворање, па корисникот ќе пречекаше иста содржина кога повторно ќе им пристапи. Некои постари меѓу вас може да се сетат дека преминувањето од апликација во апликација тогаш изгледаше потполно различно. Кога два пати ќе кликневте на Home Button, ќе се појавеше трака долу и ќе го поместеше екранот нагоре. На неа беа прикажани икони на апликации кои моментално се активни и од таму можевте да им пристапите. Поместувањето на траката на десна страна, активираше делот за музика. Слушањето на музика во позадина беше една од најбитните надоградби на iOS. Исто така и навигацијата и VoIP повиците продолжуваа да траат додека го имате затворено телефонот.

03_brief_history_of_ios_chapter_two

Најдобра работа кај мултитаскингот е тоа што самата имаше предности. Корисниците можеа да уживаат еднакво во брзината на системот и во издржливоста на батеријата. За сите оние кои преминуваа од Android на iOS, тоа беше голема новост. На Android затворањето на сите апликации беше континуирано, но на уредите на Apple не требаше да се грижите за тоа, како што не требате ни денес. Освен таа можност за работење повеќе задачи во исто време, iOS 4 престави и некои други трикови како FaceTime повици. Таа функција веќе беше достапна на другите платформи. Но – како и обично – решението на Apple беше попрегледно, поприродно и побрзо. И, секако, функционираше помеѓу iPhone-ите.

Исто така требаше да чекате до iOS-4 за да на почетниот екран можете да ги организирате иконите во папки. Колку беше тоа само елегантно? Се што требаше да направите е да повлечете една икона врз дру и voilà – папката беше спремна. Потоа само требаше да ја преименувате папката. Одвојувањето на екрано кај отварањето на апликации исто така беше одлично. Денес е тоа сосема вообичаено, но тогаш тоа беше голема работа. Тоа не е се: можевте и да ги преуредувате фотографиите и да ги преместувате во различни папки, што ја олеснуваше прегледноста. Spotlight научи да го пребарува интернетот и Wikipedia. Со iOS 4 претставен е и iBook кој немаше поддршка за сите значајни формати на електронски книги, а до тогаш не можевте и да правите hotspot. А не спомнавме ни првата верзија на проверка на правопис и AirPlay. Иако тоа не е врзано со самиот систем, вреди да се спомене дека iPhone 4 беше првиот уред со Retina екран.

04_brief_history_of_ios_chapter_two

Сепак, животот не е бајка, па со iPhone 4 изби и првиот скандал. Се започна со проблемот со антената и без оглед на тоа колку системот беше добар, таа флека се покажа како тврдокорна. А начинот на кој Apple реагираше на целата приказна само додаде масло на огнот. Steve Jobs сакаше се лесно да реши па им порача на корисниците дека едноставно не треба да ги држат уредите на таков начин. Секако, компанијата подоцна елегантно се извини, а испадна дека и медиумите сето тоа го надуваа и дека не се работело за толку голем скандал. Apple подоцна го ажурираа iOS 4 како би се поправило прикажувањето на сигналот. Ете какви возбудливи настани се случуваа во тоа време.

iOS 4 е преставен во јули 2010-та година. Поддржани уреди: iPhone 3G, iPhone 3GS, iPhone 4, iPod, iPod Touch втора генерација, iPod Touch трета генерација, iPod Touch четврта генерација, iPad, iPad 2.

05_brief_history_of_ios_chapter_two

iOS 5 – Hey Siri

Доколку мораме да го избереме најпознатиот iPhone, тоа би бил 4s. iOS 5 ја одигра клучната улога во тоа бидејќи ТАА надградба го направи паметниот телефон на Apple популарен еднаш за секогаш. Со него се претставени повеќе од 200 нови функции. Да ги погледнеме најбитните. За почеток, мораме да го спомнеме доаѓањето на Siri. Таа виртуелна асистентка беше достапна само за најквалитетните уреди, а поради неа продажбата порасна до зад облаците. Иако секој има свое мислење за неа, а поголемиот дел од нас смета дека се работи за смешна алатка, важноста на Siri е неоспорлива. Доволно е да се навратиме на последниот Keynote на кој се претставени паметни домашни алатки (како Google Home, Amazon Echo и HomePod) за да се признае како Apple со својата асистентка уште во 2011-та направи нова патека.

06_brief_history_of_ios_chapter_two

Самата помисла дека можеме да комуницираме со нашите уреди е револуционерна, поготово затоа што тој уред не само што не разбира, туку и во поголемиот број на случани може да ни даде и смислен одговор. А покрај тоа, се изразува течно и со доза на хумор. Siri добро ја врши својата работа, иако Apple прво ја воведе во бета верзија, што не беше нималку типично. Можеше да пребарува на интернет, да започнува повици, да внесува белешки во календарот, да соработува со WolframAlpha и воглавно разбираше што и зборувате. Со iOS 5 претставена е уште една прославена функција, центарот за известување. Не можеме да негираме дека таа функција е воведена во iOS поради влијанието од Android, но можеби тоа повеќе не е ни важно. Она што е важно дека конечно ја добивме и дека од почетокот работеше совршено. Сега можете да пристапувате до горната трака само со повлекување на прстот надолу, таму можевте да ги видите сите известувања. Тамо можевте да додадете и одредени апликации како временска прогноза или акции. Центарот за известувања не револуционираше ништо, но денес тешко дека може да се замисли iPhone-от без него.

07_brief_history_of_ios_chapter_two

Следна битна надградба беше iMessage. Не само што Apple отиде против интересите на давателите на услуги, туку успеаа да привлечат и голем број на корисници од BlackBerry на нивна страна. Најдобра работа беше тоа што додатната функција за управување со мултимедијални пораки глатко се соедини со претходната апликација за пораки, па така сите пораки стигаа на едно место. Така границата помеѓу нив елегантно се избриша. Во принцип, никој не го користеше класичниот систем кога можеше да се испраќаат бесплатни пораки. Се едноставно функционираше. Мобилниот автоматски препознаваше на кого да испрати iMessage, а потоа праќаше на сите уреди со системот. Немаше компликации.

08_brief_history_of_ios_chapter_two

Таа надградба даде живот и на наследникот на MobileMe, душата на сите денешни уреди, познатиот iCloud. Тоа веројатно беше првиот чекор на Apple кон екосистемот. Ако сте купиле некоја апликација на еден уред, можете да ја преземете од сите уреди. Иста така можете да ги ставите сите документи, мапи, музика, фотографии или сигурни копии на облак и да им пристапите од било каде. Тоа отвори простор за нова идеја: повеќе не ни беше потребен компјутер за Backup или за враќање на податоци. Таа идеја за непотребниот персонален компјутер беше очигледна и во многу други сегменти. За почеток е претставен iTunes WiFi Sync, со кој е намалена потребата за поврзување на мобилниот со компјутер. Понатака, конечно добивме можност за ОТА надградби (over-the-air, односно безжично), та немаше потреба за пристап до iTunes за инсталација на нов iOS. И на крај, од тогаш веќе немаше потреба да го поврзуваме мобилниот со компјутер за да го активираме. Таа промена најверојатно ги воодушеви вработените во Apple продавниците.

09_brief_history_of_ios_chapter_two

Сепак, најважна филозофија во позадината на сите тие промени: Вашиот телефон ќе биде Ваш нов компјутер. Иднината ја потврди таа идеја. Да не ги заборавиме и другите различни промени. Ќе спомнеме некои од нив: вграден алат за уредување на слики, функција Read Later во Safari, интеграција на Twitter, освежен Calendar, нова апликација Reminders, нова тастатура за iPad.

iOS 5 е претставен во октомври 2011-та. Поддржани уреди: iPhone 3GS, iPhone 4, iPhone 4s, iPod Touch трета генерација, iPod Touch четврта генерација, iPad, iPad 2.

10_brief_history_of_ios_chapter_two

iOS 6 – Војна за независност

Иако Steve Jobs почина пред објавувањето на оваа надградба, неговото влијание беше очигледно и одлучно во работоборниот менталитет на новиот систем. Основната цела на iOS 6 беше да се стекне со целосна независност од Google, што беше тотално разбирливо бидејќи главен конкурент беше Android. Таа порака беше јасна на сите бидејќи во iOS ги немаше повеќе ни YouTube ни Google Maps, апликации кои до тогаш беа помеѓу последните инсталирани апликации во системот. Логично, мораше да ги заменат со нешто, па тогаш е претставен Apple Maps. Можеби на тоа не се сеќаваат сите, но премиерата на апликацијата на Apple за мапи беше дебакл. Фактот дека веднаш не можеа да парираат на Google Maps, кој практично со години доминираше на тој пазар, е една работа, но Apple Maps беше и слаб дури и во споредба со најосновните картографски апликации. Главниот одговорен за нејзиното создавање Scott Forstall брзо беше отпуштен што сметаме дека е оправдана одлука.

11_brief_history_of_ios_chapter_two

Самиот концепт беше сосема во ред. 3D начин на работа Flyover беше забаве, поврзувањето со Siri беше корисно, навигацијата вртење-по-вртење изгледаше добро, а и компанијата која го обезбеди картите за апликацијата, TomTom е големо име на тој пазар. Беше добра идеја да се создаде дадена апликација оптимизирана за iPhone. Штета што тоа лошо заврши. За среќа, Apple Maps сега работи сосема добро, иако Google Maps и понатака ја има водечката позиција во таа категорија. Остатокот на надградбите на iOS 6 се сведе на фино нагодување на системот и постоечките фунцкии. Центарот за известување доби Do Not Disturb начин на работа, Siri научи како да пребарува резултати и ресторани, интегриран е Facebook, може да се користи FaceTime преку мобилна мрежа а не само преку WiFi. Добивме Photo Stream, а отворените страни на Safari можеше да се синхронизираат преку сите уреди. Претставен е и Passbook, во кој можевте да зачувате карти, купони и картички за пријавување. И таа апликација логично требаше да конкурира на Google Wallet.

iOS 6 е претставен во септември 2012-та година. Поддржани уреди: iPhone 3GS, iPhone 4, iPhone 4s, iPhone 5, iPod Touch четврта генерација, iPod Touch петта генерација, iPad mini, iPad 2, iPad 3, iPad 4.

12_brief_history_of_ios_chapter_two

Во оваа статија го поминавме создавањето на iOS во бренд, доаѓањето на Siri со iOS 5, како и осамостојувањето на iOS 6, со неубедлива успешност. Во следната, трета етапа на оваа серија од четири поглавја, ќе почнеме со Jony Ive и неговото преземање на кормилото и ќе следиме како составот помина низ значајни промени до iOS 9.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!