imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Кратка историја на iOS – Прво поглавје


Во понеделникот, на 5-ти јуни, на својата годишна конференција на развојни програмери, Apple го претстави iOS 11, оперативниот систем за мобилни телефони и таблети. Тоа е совршена причина да се вратиме во минатото и да се потсетиме на некои добри, стари и носталгични моменти, Да погледнеме кои се сите клучни настани кои го одбележаа ова патување. Прво поглавје.

Ќе почнам со едно објаснување. Имено, iOS не се викаше секогаш iOS. Apple го преименува својот мобилен оперативен системо во 2010-та година, со претставувањето на iOS 4. Претходно, едноставно се викаше iPhone OS. Поради едноставноста и доследноста, сите верзии ќе ги именувам iOS, од 1 до 11. Се надевам дека хронологијата на оперативнисте системи ќе биде прегледна и разбирлива.

01_a_short_history_of_the_ios

iOS 1 – Раѓањето на iPhone

Гледајќи го тој настан, 10 години оддалечен од сега, можеби се чини необично што тој момент, кога Steve Jobs го претстави iOS паралелно со iPhone, бил толку битен. Без можноста да се прават повеќе работи во исто време, без апликации на други произведувачи, па дури и без Copy/Paste опцијата. Се на се, не можеше ништо од тоа што денес го очекуваме од мобилните оперативни системи. Најзабавната работа која сте можеме на него да правите е да гледате видеа на YouTube и да барате глупи интернет игри. Од друга страна, неговата конкуренција (Windows Mobile, Palm OS, Symbian, BlackBerry OS) имаше многу различни функции.

За време на тој легендарен Keynote, Jobs го претстави тој систем како модификација на OS X, а не како потполно нов оперативен систем. iOS 1 доаѓаше само со неколку инсталирани апликации како Мail, iPod, Calendar, Photos, Clock, Messages, Safari, Notes, YouTube, Calculator, Cards, Settings, Camera, Stocks и Phone. Проблемот беше што тие апликации не можеше да се надградат. Ко-основачот на Apple им предложи на развојните програмери да направат интернет апликации. За среќа, донесоа друга одлука, па така во март 2008-ма го претставија iOS SDK, првиот чекор за поотворен App Store, кој денес има повеќе од пола милион апликации.

02_a_short_history_of_the_ios

Сепак, без обзир на сите ограничувања, се работеше за нешто револуционерно. Во тоа време, паметните телефони немаа екрани на допир – најблиску до тоа беа отпорните екрани, кои сте можеле да ги користите со посебно пенкало. Меѓутоа, iPhone имаше модерна технологија на капацитативен екран, а уште поважно е тоа што Apple со својот iOS смисли потполно нов начин на интеракција помеѓу човекот и машината. Ги тргнаа сите тастери од предниот дел, освен Home копчето, и ставија акцент на допирот, со функции кои биле неверојатно глатки. Тоа беше навистина револуционерен потег.

А тука е Safari (тогаш се викаше мобилен Safari). Во принцип, се работеше за првиот мобилен интернет пребарува кој имаше идентични функции како компјутерската верзија. Така пребарувањето на интернет беше едноставно, и олеснато по помошните можности на допир како зголемување и листање. Apple направи револуционерни чекори кога е во прашање тастатурата. Се работи за првото виртуелно решение кое навистина можеше да се користи. Секако, постоеа и постари решенија, но навистина беше невозможно да се напишат повеќе реченици доколку се користи дигиталното пенкало. А да не ја заборавиме и помалку спектакуларната, но еднавко битна промена: iOS го сокри целиот систем, тврдејќи дека таквите работи е подобро да го препуштат на експертите.

03_a_short_history_of_the_ios

Се уште е под знак прашање дали тој потег бил добар. Но, едно е сигурно: тогаш тоа подразбираше повеќе ограничувања. Не можеше да се наместат посебни тонови, да се додаваат прилози на e-mail-ови или да се менуваат позадини. Добро, 90% од тоновите кој тогашниот систем ги нудеше на корисниците се користат и ден денес, а немаше причина ни некој да се жали на понудените позадини. А тука беше и феноменот на почетниот екран со икони наредени во мрежа, кои можеше да ги менувате дури откако излезе iOS 1.1.3 надградбата. Токму таа надоградба беше многу битна. Донесе нова тастатура и можност за додавање на кратенки за интернет страни (Web Clips).

Накратко, најбитната работа врзана со iOS 1 е фактот дека тој систем ги направи основите за насоката во која ќе се движи и за тоа каков ќе биде денес Apple. Ако ги споредите функциите на системот на Apple, на пример со функциите на Windows Mobile системот, iOS може да биде засрамен. Меѓутоа, кога се во прашање корисноста и стабилноста, iOS несомнено е победник. А не мораме ниту да спомнеме што е најважно за корисниците.

iOS 1 е претставен во јули 2007-ма. Поддржани уреди: iPhone 2G и iPod Touch прва генерација.

04_a_short_history_of_the_ios

iOS 2 – Има една апликација за тоа

iOS 2 реши еден голем пропуст: недостаток на апликации. Во одреден контекст може да се смета за најважна надоградба. Ако Apple не најдеше начин како да влезе на тој пазар, iPhone би бил осуден на смрт за многу краток период. Во Купертино веќе направиле извежбан потег. Во споредба со останатите, повторно доцнеле. Но презентацијата на таа закаснета битна работа ги оставиле сите без зборови, што не може да се смета за случајност. Благодарејќи на својот едноставен и транспарентен начин на прегледување на апликациите кои лесно се инсталирале, тој систем бил нешто потполно ново на пазарот. А да не го заборавиме ни iOS SDK, кој нудеше неограничени можности на развојните програмери, а што резултираше со се подобри и поквалитетни апликации.

3D игрите станаа правило, а iOS апликациите изгледале и функционирале подобро од апликациите на другите платформи. Тогаш почнало нешто што трае и ден денес. Држејќи се до своите строги убедувања за забрана на корисниците да инсталираат софтвер кој не бил поврзан со App Store, Apple направи навистина јак, стабилен и доверлив систем.

05_a_short_history_of_the_ios

 

Сепак, сето тоа имало и некои нуспојави. iOS апликациите биле поскапи од апликациите на другите платформи. Дури и денес можете да видите некоја бесплатна апликација на Play Store, но во App Store морате да ја платите. Уште еден озбилен проблем било тоа што некои успешни апликации лесно настанале скоро составен дел на топ листата, што не оставало простор на почетниците да се докажат. Во денешно време тој проблем е решен со промоциите и тестните верзии, но во тоа време се работеше за жешка тема.

Друга важна надоградба која ја доби iOS 2 била воведувањето на MobileMe. Таа услуга во облак, која е претходник на денешниот iCloud, била многу скапа (се плаќало 99 долари годишно), а во своите почетоци била и многу нестабилна. Иако се работело за неопходна услуга, овие работи ја направиле непопуларна. Покрај сето тоа, воведени се и некои мали, но еднакво важни промени, како на пример можноста за правење на Screenshots, прикачување на слики од Safari во Photos, примање на Push meil-ови, работа со MS Office документи и навигација на почетниот екран. Тогаш се родија и emoticons.

iOS 2 претставен е во јули 2008-ма. Поддржани уреди: iPhone 2G, iPhone 3G, iPod Touch прва генерација, iPod Touch втора генерација.

06_a_short_history_of_the_ios

iOS 3 – Системот е сега комплетен

Иако не донесе некои револуционерни нови функции, iOS 3 беше значајна надградба. Apple се врати на поправање на грешките и неопходните надоградби на некои мали функции. Иако не се случи нешто спектакуларно и понатаму се работи за важен настан во животот на iOS. Системот конечно стана една целина. Се разви во доверлив и стабилен систем полн со различни функции.

Иако звучи неверојатно, корисниците требаше да чекаат на iOS 3 како би добиле Copy/Paste функција. Но, доколку малку подлабоко навлезете во тој проблем, фактот дека таа функција не е одма додадена и не е така тривијален како што се чини. Вашиот прст никогаш нема да биде прецизен како дигитално пенкало. За среќа, Apple смисли мало зголемување поради подобра прецизност, па така го направи совршено. Во оваа верзија се појави и мобилната опција Spotlight, која е многу едноставна за користење. Последна лева страна на почетниот екран беше одлично место за сместувањето на оваа функција.

07_a_short_history_of_the_ios

iOS развојните програмери вложиле многу време како би создале известувања за апликациите од другите произведувачи. Тој проблем постоеше се до iOS 3, иако требаше да биде решен во iOS 2. Јас воопшто не можам да замислам како iOS функционирал без тоа. Покрај тоа, дојдоа и многу мали надоградби, како поддршка за MMS, хоризонтален начин на работа на тастатурата, апликација Voices, снимање и сл.

Но многу поважно е тоа дека се претставени IPad и надоградбата 3.2, која донесе многу нови функции за таблетот. Тоа беше првиот пат iOS да мораше да работи на поголем екран, па дојде до многу промени во дизајнот. Поголемиот број на апликациите добија странични лизгачи и во потполност редизајниран изглед, кој убаво изгледаше на поголем екран. Од сега можевте и самите да изберете позадинска слика. Оваа надоградба не беше битна само затоа што новиот iOS беше зголемен, туку и затоа што Apple демонстрираше дека поголемиот екран подразбира и различен дизајн.

Инаку, оваа надоградба на iPad резултираше и со проблематичниот Skeuomorph дизајн, кој корисниците го сакаат или го мразат. Благодарејќи на оваа надоградба, сликата на апликациите за контактите изгледаа како кожен адресар. Се сеќавате на тоа?

iOS 3 е претставен во јуни 2009-та. Поддржани уреди: iPhone 2G, iPhone 3G, iPhone 3GS, iPod Touch прва генерација, iPod Touch втора генерација, iPod Touch трета генерација, iPad.

08_a_short_history_of_the_ios

Сега го поминавме раѓањето на iOS, воведувањето на апликации во iOS 2 и неговиот развој со iOS 3. Во следното поглавје ќе откриеме по кој пат отиде оперативниот систем и ќе продолжиме со приказната до iOS 6.

Ако сакате да скокнете во сегашноста, погледнете какви функции донесе iOS 11.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.