imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Крај на историското судење – Apple го победи најголемиот ривал


Беа потребни отприлика седум години, но одлуката конечно е донесена: Samsung навистина, 1000 проценти ги повреди патентите на Apple со своите рани модели од Galaxy серијата. Сега мораат да исплатат вистинско богатство…

И ние го следевме развојот на историскиот судир помеѓу Apple и Samsung, со кој конечно би се заклучила прастарата кавга. Но по кој знае кој текст по ред за оваа тема, сфативме дека приказната нема крај и ви ветивме дека ќе пишуваме за тоа кога се ќе биде завршено.

Дојде и тој ден.

Резултатите се помалку изненадувачки од фактот дека судењето е речиси готово: Apple победи. Не за влакно, туку спектакуларно. Samsung мора да и исплати 539 милиони долари на компанијата од Купертино, бидејќи неколку пати ги повредија нивните патенти. Се знаеше дека јужнокорејската компанија ќе загуби. Единствено се чекаше да се дознае колкава отштета ќе мораат да платат.

Двете страни ја одработија својата математика, па Samsung предложи 28 милиони, а Apple една милијарда. Судот се одлучи за златна средина. Претпоставувам дека е таман доволно да се платат адвокатите. Но, поентата никогаш не беше во парите.

Ако бидеме прецизни, тука е отштетата од 533.316.606 долари за повреда на три дизајнерски патенти и отштета од 5.325.050 долари за два иновативни проекта. Најсмешната работа во овој случај е дека по жалбата, Врховниот суд досуди значително поголема сума отколку првиот пат. Тоа е тоа.

Еве резиме на случајот: се се водеше околу тоа кој го измислил правоаголниот смартфон со заоблени рабови. Apple смета дека тие се автори на тој концепт, а Samsung тврди дека такво нешто не може да се заштити со патент. Факт е дека iPhone 3GS и Galaxy S се идентични, но навистина е тешко да се замисли некој друг облик на паметниот телефон. Реално, сите изгледаат речиси идентично.

Двете компании објавија соопштение врзано за пресудата. Apple е секако задоволен, а Samsung е загрижен поради ограничувањето на креативната енергија. Колку благородно од нив.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!