imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Креаторот на Doom не сакаше да работи со Steve Jobs


Како што многумина знаат, покојниот директор на Apple имаше навистина единствен карактер. Додека нам корисниците, многу ни недостасува, не можеме да кажеме дека истото важи и за сите негови бивши соработници. Меѓу нив е и John Carmack, автор на Doom, кој раскажа подолга приказна за својот однос со Jobs.

Името John Carmack можеби ќе им биде познато на оние кои играа видео игри од самите почетоци. Тој е автор на култните дела како Doom, Wolfenstein 3D и Quake – се големи хитови од 90-те години.

Меѓутоа, само неколкумина од нас знаат дека Carmack некое време работеше со Steve Jobs. Првата средба од овие легенди се случи во текот на NeXT периодот на Jobs. Во тоа време Carmack навистина сакаше неговата игра Doom да ја носи ознката „Развиена на NeXT компјутерите“. Jobs на почетокот ја одбиваше таа идеја, но со време го промени своето мислење.

Иако самото лого никогаш не беше ставено на пакувањето, Jobs и Carmack почнаа да развиваат деловен однос и соработка. А тогаш почнаа и кавгите. Повод за првата кавга во низа беше впечатокот на Carmack дека Jobs нема високо мислење за неговата игра. Уште повеќе, му се чинеше дека Jobs не сака игрите да заземаат посебно важно место на неговите платформи.

Сепак, успеаја да го насминат тој проблем, бидејќи Jobs сфати дека нема причина да ја избегнува таа област. Затоа Carmack беше замолен да помогне со барањата на играта и во поставувањето на новиот правец на развојот. Тој предложи адаптирање на OpenGL стандардот, со што покојниот фиректор на Apple никако не можеше да се согласи. Според приказната на Carmack, следувале бројни бурни кавги, првенствено затоа што Jobs имал навика „полн со самодоверба да говори за работи во врска со кои во целост не бил во право”.

Неговиот пристап, барем во мојот случај, беше дека ги измева современите мислења, а потоа мене ме предизвикува да му се спротивставам. Тоа можеби е прагматично, но не може да биде добро.

Го имам Pixar. Ќе направиме нешто [некој API] што всушност ќе биде добро”. Често бев фрустриран бидејќи можеше полн со самодоверба за зборува за рабови во врска со кои едноставно не беше во право, како цените на меморијата за видео картичките или колкава ширина на појасот може да се искористи со AltiVec екстензии.

Како што веројатн знаете, Carmack конечно успеа да го увери Apple во својата идеја, што го смета за едно од своите најголеми достигнувања и кое имаше индиректно влијание на целата индустрија. Сепак, мораше да работи на многу презентации со Jobs, па не можеме да кажеме дека соништата во целост му се оствариле…

Секогаш се се работело со лудо темпо и со премалку време за усовршување, а обично беше потребен лавовски труд на бројните поединци за настанот воопшто да се реализира. А како шлаг на тортата, Jobs дури и му рече на Carmack да го одложи своето венчавање, бидејќи било во ист ден со презентацијата.

Нивниот однос продолжи да се урива, најмногу по лансирањето на iPhone. Jobs на почеток им даде простор само на интернет апликациите – првата верзија на iOS немаше App Store – додека Carmack сметаш дека треба да се насочат на мобилни апликации. Секако, и оваа расправа заврши со бурна кавга, а уверенијата на Carmack најдоа пат до медиумите. Тоа на крајот беше капката што ја прели чашата.

Луѓето не избегнуваа. Ако Steve беше лут, вработените на Apple не сакале нивните лица да го потсетуваат на тоа чувство. Подоцна еден од директорите рече дека „Steve ги цени жолчните разговори”.

Бидејќи и понатаму бев разочаран, реков некои работи кои стигнаа во весниците. На Steve тоа не му се допадна.

Поделбата на светот на Jobs на „јунаци и кретени” беше вистинска, па по некое време на држење на висока позиција, паднав со самото дно. Некој ми рече дека Steve им дал директни наредби да не ми даваат пристап до раниот SDK на iPhone, кога конечно беше подготвен.

Сепак, неколку игри на Carmack биле лансирани и на iOS, а последната се викаше Rage (Бес) – кој знае дали се работи за случајнос. Иако имаше сојузници во Apple, неговата соработка со Jobs заврши и никогаш повеќе не разговараа.

Ова е само дел од целата приказна која Carmack ја сподели на Facebook. Ако сакате да знаете се, тука можете да ја прочитате неговата објава во целост.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.