imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Креирајте целосно единствен Dock!


Сите сакаат да го прилагодуваат своето опкружување, па така и својот macOS. И постојат многу зададени постави што можеме да ги менуваме, во овој текст ќе ви покажеме неколку понапредни трикови.

Иако постојат многу различни текстови во кои се споменуваат овие трикови, се одлучивме да направиме еден целосен преглед на трикови врзани со Dock. Ќе се насочиме на оние трикови на кои не можете да им пристапите преку поставките, а кои создаваат единствено опкружување во кои полесно ќе се снаоѓате.

Менување на икони

Првиот и најлогичен чекор со цел на менување на изгледот е промена на иконите. Овој процес може да трае малку подолго, посебно ако сакате да создадете совршен комплет икони. Веќе пишувавме за тоа, па ако сакате да дознаете повеќе за целата постапка, прочитајте го овој текст.

1 (1)

Додавање икони за раздвојување

Овој совет може да ви помогне да ги сместите иконите во различни групи. Оние икони што им припаѓаат на различни групи обично се густо распоредени по убав редослед. Ситуацијата би била попрегледна ако создадеме мали „островчиња” со апликации, во кои можеме да ги сместиме сите апликации кои имаат иста функција.

За среќа постои решение за тоа. Отворете го Terminal и внесете ја долу напишаната наредба и притиснете Enter.

defaults write com.apple.dock persistent-apps -array-add ‘{tile-data={}; tile-type=„spacer-tile”;}’; killall Dock

2

Кога тоа ќе го направите, ќе видите дека на Dock ќе се појави проѕирна и празна „икона”, која можете да ја влечете и поставите каде што сакате – како и обичните икони. Повторете ја истата постапка додека не добиете потребен број разделувачи, а потоа само наредете ги иконите како што сакате.

3

Ако случајно ви остане некој разделувач вишок, едноставно извлечете го од Dock на Desktop и избришете го, исто како што би направиле со било која икона.

Иконите на скриените апликации исто така би требало да бидат скриени!

Кога користите некоја апликација, но некој отворен прозорец на било кој начин ви пречи, поголемиот дел од луѓето го минимизираат тој прозорец. Единствен проблем е тоа што подоцна, кога ќе притиснете CMD + TAB за да преминете од една отворена апликација во друга, минимизираната апликација нема да излезе, а можете да ја отворите само преку Dock. Во тој случај, поелегантно решение е да се сокрие апликацијата со притискање CMD + H – со тоа ќе направите исто како да сте ја минимизирале, но истовремено нема да имате дополнителни проблеми.

Меѓутоа, тогаш може да ви се случи на Dock-от да не ги гледате апликациите што сте ги сокриле, бидејќи точката покрај иконата на апликацијата и натаму е видлива. Постои решение и за тоа: поточно, уште една наредба во Terminal. Само внесете го следниот текст, па притиснете Enter:

defaults write com.apple.Dock showhidden -bool TRUE; killall Dock

4

Потоа, секој пат кога ќе ја сокриете апликацијата нејзината икона малку ќе избледи, па лесно ќе видите кои апликации се скриени. Ако сакате да ја поништите оваа постапка, внесете ја истата наредба, но заменете го True со False.

5

Побрзо прикажување анимации

Кога ќе го сокриете Dock со кликање на десното копче на маусот и избор на наредбата „Turn Hiding On“, може да ви се случи Dock да не се појавува автоматски што ќе ја одвлечете стрелката на соодветно место – наместо тоа, реагира лежерно, со анимација. За среќа, постпи наредба и за тој проблем.

Ако повеќе не сакате да ги гледате анимациите, внесете ја оваа наредба:

defaults write com.apple.dock autohide-time-modifier -int 0;killall Dock

6

Ако анимациите не ви пречат, но сакате да ги забрзате, внесете го ова:

defaults write com.apple.dock autohide-time-modifier -float 0.12;killall Dock

Ако сакате да поставите се да биде како што било, напишете го ова во Terminal:

defaults delete com.apple.dock autohide-time-modifier;killall Dock

7

Ако ги искористите опишаните совети за прилагодување на зададените поставки, ќе добиете прилично уреден Dock, кој ќе изгледа точно како што сакате.

 

 

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!