imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Логото на Apple кое беше свртено наопаку


Apple е познат по ставање на акцент на дизајнот и по тоа што сами ги планираат своите преносни компјутери и мобилни уреди се до последната завртка. Како тогаш можеше да се случи логото на Apple долго време да биде свртено на отворените преносни компјутери? Дали тоа беше несреќа? Или дизајнерите на Apple не обрнуваа доволно внимание? Дали тоа беше дури и грешка?

Баш како и многу други луди работи од Apple, и оваа можеме да ја следиме до Стив Џобс. Откако почина легендарнит директор, се појавија многу анегдоти, а приказната за логото свртено наопаку прв пат ја објави Џо Морено, кој помина 9 години работејќи за Apple во ерата на Стив Џобс.

Вработените во Aplle беа збунети од јаболкото кое висеше на глава кога ги отворија преносните компјутери. Тогаш компанијата имаше сопствен внатрешен форум за да се постават прашања кои треба да се разгледаат. Ова беше едно од нив.

Логото беше свртено кон корисникот кога преносниот компјутер беше затворен и се вртеше кога беше отворен. Ако сакаат јаболкото да „седи” исправено кога лаптопот бил вклучен, логото мораше да биде свртено за 180 степени, баш како што е сега. Дизајнерите го разгледаа ова прашање, но конечната одлука зависеше од Стив Џобс. Така PowerBook компјутерите од 90-те години беа претставени со јаболко свртено наопаку.

Велат дека Стив Џобс така сакал поради подоброто корисничко искуство. Ја донел својата одлука поради тоа што корисниците на секој преносен компјутер го гледаат јаболкото само кога лаптопите се затворени. Времето поминуваше, а јаболкото изненадувачки се сврте во правилна насока. Секако, оваа одлука повторно беше на Џобс, кој се врати во Apple после неколку години.

Не знаеме сигурно која беше причината за оваа промени. Можеби се случу поради тоа што Aplle беше прилично популарен во Холивуд, а наопаку свртеното јаболко не изгледаше толку добро на екранот. Текстот на Bloomberg веќе ја потврди оваа теорија во минатото и истакна дека Apple ја донел оваа одлука поради притисокот кој продуцентите го вршеле на нив. Филмофилите толку го мразеа ова јаболко што не се плашеа да стават налепница преку неа , за да ја свртат во вистинска насока.

Постојат некои забавни факти за односот помеѓу Apple и филмовите. Гласините тврдеа дека само добрите момчиња ги користеле Apple производите на екранот, а негативците користеле нешто друго. Во серијата 24, на тој начин го расипаа откривањето на тоа кои се издајници… оние кои користеле Microsoft. Том Круз исто така користи Mac компјутери за да до спаси светот во неколку наврати, баш како што тоа го направи Џеф Голдблум со својот PowerBook во Денот на Независноста. Тоа исто така беше причина Apple да направи реклама за тоа.

Сега можеме да кажеме дека Apple има моќ да го спаси светот.

Извор: Wired

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!