imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Луѓето го сакаат HomePod


Го знаевме тоа уште пред WWDC дека Siri звучникот на Apple, кој подоцна го доби името HomePod ќе го украде целиот настан. Единственото прашање беше и се уште е: кој ќе го купи? Се чини дека многу луѓе го сакаат.

Нема сомнение дека побарувачката за паметни домашни додатоци е се поголема и поголема. Тоа ги прави производителите многу среќни, бидејќи пазарот на паметни телефони е скоро полн и мораат да смислат нешто ново за да остварат добивка. Моментно најпопуларни додатоци се звучниците кои имаат вградено некаков вид на виртуелен помошник.

Овој тренд почна со Amazon Echo и неговата помошничка, Alexa. Не моравме долго да чекаме Google и Microsoft исто така да и се придружат на забавата и недостасуваше само Apple. До сега. Во текот на годинашниот WWDC, компанијата од Купертино го претстави своето решение, HomePod, кој ветува прекрасен звук и интелигентни решенија од Siri.

Но, има и неколку проблеми со нив. Помал е тој дека производот се уште е во производство и во развој, така што мораме да чекаме неколку месеци до неговото излегување. Поголем проблем е тоа што цената му е многу висока. Скоро двојно е поголема од цената на Amazon Echo (179 долари наспроти 349 долари). То го прави ова прашање разумно…

Кој би го купил?

Аналитичката компанија MorningConsult спроведе истражување во кое учествуваа 2000 луѓе, чии резултати наведуваат дека многумина од нив би го купиле овој производ.

17 проценти од учесниците мисли дека Echo e најдобар избор, по кој следи Amazon Dot со 12 отсто, а на трето место се наоѓаат Google Home и HomePod, двата со по 11 проценти. Ова не е лош почеток со оглед на тоа што производот на Apple го испробал само Тим Кук. Исто така е видливо дека по цената, брендот е најважен фактор во случај на такво купување. Apple е приличен ривал во поглед на брендот.

Друга важна работа е тоа дека корисниците на Apple се прилично верни. Околу 45 проценти од оние кои веќе имаат некој вид на Apple производ се заинтересирани за овој нов производ. Знаеме дека интересот не е голем, оние кои во ваквите тестови велат дека се многу заинтересирани полесно можат да се претворат во купувачи. За среќа, 19 проценти од луѓето го рекоа тоа.

Земајќи во предвид колку корисници има iPhone, ако само четвртина од нив го купи HomePod, производот навистина ќе биде успешен.

Извор: 9to5mac

Неодамна имавме текст за Тим Кук и неговото мислење за HomePod, се работи за интересно интервју кое вреди да се прочита.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!