imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Меѓународен ден на жената + Apple Watch = Нова значка


Пристигна најомилениот пролетен настан на сите цвеќари, со други зборови Меѓународниот ден на жената. Збборот меѓународен крие поинакво значење за нас корисниците на Apple Watch, затоа што ова е една од ретјките прилики кога можеме да добиеме нова фунцкија за активност од Apple. Ќе ви покажеме што треба да правите.

Пред детално да погледнеме што треба да направите, еве кратко историско резиме за да дознаете се за Меѓународниот ден на жената и за да можете да ги воодушевите дамите околу вас со својот интелект, а не само со многу цвеќе. Еве неколку интересни детали за овој ден:

 

  • Првиот настан кој е поврзан со 8. март се одржа во 1857. година, кога женските работнички во текстилната индустрија протестирале на улиците на Њујорк за подобри услови за работа и поголеми плати.
  • Тоа поттикна движења на трудот. На конференцијата на Првата Интернационала веднаш одлучија за нови услови за работа на жените.
  • Овие услови биле толку остри што на 8. светски конгрес на Втората интернационала кој се одржа во 1910. година, одлучија да одржат меѓународен ден за жените да добијат право на глас. Конгресот ја прифати одлуката, но не го истакнаа точниот датум.
  • Тоа беше грешка бидејќи различните земји избраа различни датуми. Се до 8. март 1917. година, кога жените ги преплавија улиците на Русија, протестирајќи за леб и мир. Неколку дена подоцна абдицираше Nikola II., а новооснованата цивилна влада им даде на жените право да гласаат.
  • Тоа ја поттикна меѓународната заедница, и успеаја да изберат заеднички датум за Меѓународниот ден на жената – 8. март.
  • Бидејќи изворно беше работничко движење, Меѓународниот ден на жената брзо пристигна и се прошири низ Европа.
  • Со текот на годините, денот ја изгуби својата идеолошка основа и се претвори во убав и сладок ден на кој им купуваме цвеќе на своите сакани жени.

Сега кога дознавме неколку детали за Меѓунардониот ден на жената, не е изненадувачки дека Apple подготви нов предизвик за нас за да можеме да ја добиеме споменатата функција. Се што треба е денеска два пати да го исполните Move (црвениот) круг. Тоа можеби нема да биде прикладно за оние кои ги поставиле своите посакувани калории на 750 по ден, што значи 1.500 калории за денеска.

Но, ако успеете да ја исполните целта, ќе бидете наградени со вообичаената 3D значка и три стикери за iMessage. Двете награди се со убава виолетова боја. Можеби мислењето на Apple за жените и боите е малку стереотипно.

Исто така, би сакале да ви препорачаме неколку песни кои Apple ги смести на својата плејлиста под името Essential Feminism, меѓу кои се и Run the World (Girls) од Beyonce, Confident од Demi Lovato, Sit Still, Look Pretty од Daye и Fight Song во изведба на Rachel Platten. Целата плејлиста можете да ја погледнете тука.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!