imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Многу стабилен iOS е на пат, но ќе биде одложен


Според Axios, Craig Federighi, кој е задолжен за софтверот донесе голема одлука: попрво би го одложил претставувањето на новите функции за 2019. година и ќе претстави стабилни, доверливи и квалитетни системи оваа година.

Мораме да признаеме дека во последните неколку месеци, Apple не беше успешен во поглед на своите софтвери. Следуваа неколку помали и потоа неколку потешки проблеми. Корисниците можеа да забележат дека нешто не е во ред. Веќе напишавме текст во кој истакнавме каде точно забегаа од патот. Пронаоѓањето на сите причини е само првиот чекор, мораат нешто и да направат за промена.

Ако се точни информациите што ги имаат Axios и Mark Gurman од Bloomberg, Apple тоа ќе го направи во 2018. година. Тие тврдат дека вишиот потпретседател на Apple за софтверски инженеринг, секогаш ведриот Craig Federighi им ги истакнал на вработените плановите за оваа година. Во плановите имало многу нови насоки.

Оваа серија несреќни настани мора да заврши. За тоа да го постигнат, ќе ги префрлат многу поголемите надградби за 2019. година, иако првобитно ги планираа за оваа година. А ако  земеме во предвид и тоа дека неколку функции кои беа најавени на минатогодишниот WWDC се уште не се пристигнати, ова се чини како многу мудра одлука.

Затоа ќе го употребат неодамна ослободениот капацитет за развивање на стабилни iOS и macOS.

Ова се добри вести за сите оние кои го сакаат Apple поради неговата стабилност, а не новите функции. Се чини дека програмерите навистина ќе можат да се насочат на тоа. Бидејќи листата на нови функции кои се префрлени за следната година содржи елементи како: нов и редизајниран почетен екран и CarPlay, развој на други изворни апликации, како Mail и други нови решенија кои се поврзани со камерата. Немојте да се разочарате, бидејќи многу нови функции можат да пристигнат во iOS 12.

Оние кои ја прочитаа нашата серија за историјата на развојот на iOS знаат дека оваа не е прва промена на правецот во животот на системот. Последен пат го направија тоа кога беше лансиран iOS 9. Исклучително ги цениме и поддржуваме овие амбиции и мораме да се соочиме со фактите; солидниот темел секогаш е подобар од мноштвото нови, но нестабилни функции.

Кога се работи за приоритетите, промените првенствено ќе влијаат на iOS, но ни macOS нема да биде изоставен. Развојот на watchOS и tvOS ќе продолжи да се одвива според планот.

Извор: MacRumors 1, 2

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!