imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Мicrosoft office’s Touch Bar решение достаптно за тестирање.


Пристигна поддршката за Touch Bar на Holy Trinity, Word, Excel, and PowerPoint. Доколку едноставно сакате да зачувате некоја функција на Excel, или доколку сакате да се фокусирате на некој текст (со користење на новиот MacBook Pro, нормално), сега е време за надоградба (update).

И покрај тоа што алудираа на Микрософт апликациите, дека ќе бидат поддржани на новиот Touch Bar за време на самото преставување на компјутерот во Октомври, ние сепак моравме да почекаме до денес. Искуството сепак не е комплетно, бидејќи овој бета програм можат да го спуштат само ониe кои веќе претходно имаа влезено во Office Insider beta програмата. Во секој случај сепак и ние добивме нешто опипливо. Задоцнувањето сепак не е проблем бидејќи не многу луѓе можеа да го купат лаптопот, бидејќи продажните салони не беа многу добро снабдени со овој производ.

01_microsoft_office_support_for_touch_bar

Не можете да очекувате некои големи изненадувања, програмите како Word, PowerPoint, Excel и Outlook добија побргу форматирачки функции благодарејќи на интеграцијата. Можете да го промените фонтот да биде bold или italics, но да ги истакнеме најинтересните работи, а тоа е промената на бојата и сетирање на листа која би ја сакале. Сето ова со само еден допир. Најверојатно нај користено на Word е тоа што може да влезете во Focus Mode, благодарејќи на Toch Bar, кој што ќе ги скрие сите табови и прозори за едитирање, со што ние ќе можеме целосно да се посветиме на тоа што ни е важно.

Кога станува збор за PowerPoint, Touch Bar ќе ви биде од огромна корист за преместување на објекти за побргу да форматирате. Исто така ќе имате можност да менувате слајдови, нормално. Со Excel од големо значење ќе ви бидат формулите кои што ќе можете да ги вметнете: предлог за формула која во истиот момент ќе се прикаже кога ќе напишете еднакво (=) во една од ќелиите. Најкористените формули ќе бидат прикажани како формулата за збирање или за просек. Можете да ги прифатете овие предлози со самото тоа што ќе притиснете на црвеното или зеленото копче.

02_microsoft_office_support_for_touch_bar

Исто така Outlook стана попаметен. Копчињата за организација на мејл ќе се појават на Touch Bar-от, но многу важни се оние за прикачување на претходно изменети документи, со само еден допир. Исто така можете да ја погледнете Вашата дневна агенда и настани забележани претходно во календарот, со притискање на копчето “Today”. Исто така можете да започнете Skype разговори, и исто така ќе можете да го споделите Вашиот екран со соговорникот.

03_microsoft_office_support_for_touch_bar

На самиот крај, го добивме тоа што го чекавме. Оние кои не сакаат да ја користат бета верзијата треба да бидат стрпливи, од како сега знаеме дека тоа нема да се оддолжи премногу.

Оние кои сакаат да ја спуштат бета верзијата можат да ја спуштат на следниот линк.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.