imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Надграден iWork за iPhone, iPad и Mac

Сопствениот и бесплатен office пакет на Apple наречен iWork доби надградба. Апликациите Keynote, Pages и Numberts добија некои нови функции. Да погледнеме за што се работи!

Во ова опширно ажурирање, Apple се насочи на соработничко уредување. Сега можете да им давате параметри на своите документи додека истовремено други ги едитираат. Stock доби 500 нови облици, а сега можете да ги експортирате и своите документи од Pages во ePub. А тоа е само почеток.

iPhone i iPad

Keynote

  • Подобрете ги своите презентации користејќи збирка од 500 професионално креирани облици
  • Лесно менувајте го редоследнот на страниците со помош на новиот Light Table поглед
  • Уредувајте ги презентациските белешки додека се прикажани страниците во Light Table погледот
  • Одговарајте на коментарите и придружете им се на разговорите
  • Новите можности на автоматски исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Подобрена поддршка за хебрејските и арапските јазици

Pages

  • Подобрете ги своите документи користејќи збирка од 500 професионално креирани облици
  • Одговарајте на коментарите и придружете им се на разговорите
  • Новите можности на автоматски исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Експортирајте ги документите како ePub книги со зададен изглед
  • Менувајте ги маргините, заглавјата, подножјата и големината на документите додека соработувате со други

Numbers

  • Подобрете ги своите табели користејќи збирка од 500 професионално креирани облици
  • Одговарајте на коментарите и придружете им се на разговорите
  • Поддршка за преглед на принтаната верзија во заеднички создадени облици
  • Новите можности на автоматско исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Функцијата Insert Stock Quote и функцијата Stock and Currency сега ги враќаат податоците од берзата од претходниот ден

Mac

Keynote за Mac

  • Подобрете ги своите презентации користејќи збирка од 500 професионално креирани облици
  • Одговарајте на коментарите и придружете им се на разговорите
  • Новите можности на автоматско исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Лесно одете на било кој дел од текстот со помош на новата опција Pan and Zoom
  • Уредувајте ги презентациските белешки додека се прикажани страниците во Light Table погледот
  • Подобрена поддршка за хебрејските и арапските јазици
  • Функцијата Stock and Currency сега ги враќа податоците од берзата од претходниот ден

Pages за Mac

  • Додавајте текстни рамки со поврзување за текстот да биде што е можно потечен
  • Новите можности на автоматско исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Лесно одете на било кој дел од текстот со помош на новата опција Pan and Zoom
  • Уредувајте ги презентациските белешки додека се прикажани страниците во Light Table погледот
  • Подобрена поддршка за хебрејските и арапските јазици
  • Функцијата Stock and Currency сега ги враќа податоците од берзата од претходниот ден

Numbers за Mac

  • Подобрете ги своите презентации користејќи збирка од 500 професионално креирани облици
  • Одговарајте на коментарите и придружете им се на разговорите
  • Поддршка за прегле на принтаната верзија во заеднички создадените табели
  • Новите можности на автоматско исправување и замена на текст го штедат вашето време додека пишувате
  • Функцијата Stock and Currency сега ги враќа податоците од берзата од претходниот ден

Ako iWork во е непознаница, еве неколку совети како да ги подобрите своите вештини на користење Pages. Фрлете око и на советите за да научите одлични трикови и да ја подобрите вашата работна продуктивност.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!