imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Најдобри 5 апликации за правење селфи


Фотографирањето на самиот себеси е целосно природно во денешно време. Сите генерации прават селфи, поради што е потребно нешто посебно за да се издвојат вашите фотографии. Ќе ви прикажеме кои апликации да ги користите за да го постигнете ова.

Camera 360

Доколку сакате само една апликација за правење селфи, тогаш дефинитивно изберете ја Camera 360. Во оваа апликација има се што ви е потребно. Поставата е разновидна и различните филтри се најчесто бесплатни. Апликацијата има многу можности и програмерите постојано ја подобруваат. Пред една година, оваа апликација ја сметавме за програма од поинаква категорија.

01_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with

Причината поради која ја сакаме оваа апликација и ја препорачуваме се Shadow-lover и Pop филтрите. Изберете селфи пред неутрална позадина, ставете неколку интересни филтри и веднаш можете да креирате атмосфера како да сте излегле од филмот Twilight. Шегата настрана, навистина е вредно секој да ја провери оваа апликација.

VSCO

VSCO е добро позната апликација која се базира најчесто на филтри. Интерфејсот е уникатен и исчистен од дистракции. Програмата е лесна за користење, иако најпрвин се чини дека е прилично базична, многу брзо ќе откриете дека не е баш така. Прво, бидејќи можете да ги менувате скоро сите вредности на фотографиите, што најмногу не потсетува на десктоп верзијата на Adobe Lightroom, и второ, бидејќи има многу уникатни филтри во апликацијата.

02_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with

Доколку не сте задоволни од ова, се уште можете да докупите други пакети филтри: понудата постојано се менува, некои пакети стануваат бесплатни или поевтини, други исчезнуваат и се додаваат нови. Цените за купување во апликацијата се чини дека се смешно високи, програмерите бараат од 3 до 10 евра за еден пакет, а можете да купите и неограничен pass за околу 20 евра на месец. Доколку немате стотици или илјадници следбеници на Instagram, веројатно не ви е потребна оваа апликација.

Facetune

Дали ви е позната ситуацијата кога некој не изгледа онака како на профилот на Фејсбук, и само си помислувате “дали секој е мајстор во Photoshop во денешно време”? Воопшто не, тие само го користат Facetune. Оваа апликација нуди ретуширање во реално време. Можете да ги испробате новите опции дури и без претплата, како правејќи го носот или устата помали, ефекти на прав и слично. Покрај ова, можете да ги користите и основните филтри и неколку алатки за ретуширање.

03_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with

За 2 евра месечно можете да добиете многу нови опции за ретуширање, па доколку многу често аплоадирате селфи фотографии на вашите профили на социјалните медиуми, тогаш дефинитивно испробајте ја оваа апликација. Иако не бевме многу заинтригирани, дефинитивно ги поздравуваме програмерите.

Retrica

Retrica не бара многу, но она што го нуди е без грешка. Можете да изберете од големиот број на филтри, со кои можете да ја подесите проѕирноста. Можете да направите нормална фотографија со предната и задната камера, и исто така да креирате фото колаж – апликацијата ви нуди бројни можности. Уште една одлична работа е што добивате тајмер, поради што можете да направите и групни фотографии. Нема непотребни функции, апликацијата е чиста, брза и лесна за користење. Ова е одлична апликација за користење и дефинитивно ќе ја задржиме.

04_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with

За среќа, нема непотребни известувања, но доколку кликнете на иконата на горната десна страна, можете да влезете во “community”, можете да додавате контакти на вашиот профил со Фејсбук регистрација, и можете да им пристапувате на подесувањата. Можете да видите и дополнителни опции како фотографирање со поголема резолуција или автоматско снимање. Сепак, доколку не сакате да ги користите овие опции, навистина е непотребно да се регистрирате.

GIPHY CAM

Доколку би биле толку отворени, би рекле дека оваа апликација е Retrica за гифови. Очигледно е веќе според името дека не се работи за апликација за селфи слики, но исто така можеме да ги снимаме гифовите како фотографии. Оваа апликација е разновидна и единствена: има доста работи кои се вртат наоколу и многу смешни ефекти. Добра вест е тоа што доколку сакате нови филтри, можете да кликнете на големиот знак под камерата за да добиете известувања кога ќе се промени понудата.

05_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with

Понекогаш неверојатните гифови може да дојдат до израз кога правите селфи, и тоа е есенцијален дел од излегувањето во петок навечер. Уште кога ја пронајдовме оваа апликација, наша омилена разонода стана да ставаме светликави додатоци на фотографиите на познатите луѓе и да ги споделуваме во кругот на нашите пријатели. Овие фотографии секогаш се успех, како што може да се види и од примерот на фотографијата на Доналд Трамп. ‘Супер, господине Претседател!

06_5_best_iphone_apps_to_take_selfies_with
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.