imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Најнов уред против четири години стар iPhone


Да почнеме со загатката: кој производител го споредува својот најнов топ модел со четири години стар iPhone 6? Ако имате намера некого да исмејувате, добро помислете како тоа ќе го направите за да не вие се одбие од глава…

Да расчистиме една работа: сметам дека е сосема прифатливо конкуренцијата да го критикува Apple во своите реклами. iPhone не е семоќен уред и секако дека има свои предности и недостатоци. Зошто тогаш да не се истакнат тие недостатоци во контекст на предностите кои ги имаат другите уреди? Тоа е сосема нормално.

Но, ситуацијата станува прилично незгодна кога работите ќе се претворат во валкана игра…

Во својата најнова реклама, Samsung пробува да ги увери сопствениците на iPhone да преминат на Galaxy уреди. Apple често ја правеше истата работа, иако никогаш не истакнуваа марки или конкретни уреди. Тоа дури и не е најголемиот проблем. Проблемот е што во овие 60 секудни се набиени многу неточни информации.

Да тргнеме од апсурдниот факт дека во својата реклама го споредија Galaxy S9, лансиран во март оваа година, со iPhone 6 лансиран во септември 2014. Зборуваме за разлика од преку 3,5 години.

Разбирам дека својот S9 не можам да го споредам со iPhone X, бидејќи уредот на Apple, иако лансиран неколку месеци порано го растури моделот на Samsung на бенчмарк тестовите. Но, тоа не ја прави споредбата со iPhone 6 прифатлива. Не е Apple виновен што топ моделот на Samsung е во иста категорија како нивниот четири години стар уред.

Во споредба со тоа, останатите грешки се чинат занемарливи. Гледате дека жена на аеродором има навистина бавен уред, што се истакнува повеќе пати. Но, ако неодамна сте користеле iPhone 6, знаете дека не е така бавен (освен ако има некакви хардверски проблеми). Можеби приказната би држела вода доколку го користеа iPhone 4s.

А тука е и ситниот натпис “Сликите на екранот се симулирани”. Не знам дали сте го забележале. Со други зборови, Samsung го забавил iPhone 6 за потребите на своите реклами, па всушност не гледаме реални снимки на неговото користење.

Жената подоцна истрчува во Apple Store бидејќи и е преку глава од овој бавен iPhone, па прашува дали може некако да го забрза својот уред. Нељубезен вработен и објаснува дека може да ги исклучи функциите на управување на перформансите и во тој случај да очекува нагли гаснења или да купи нов уред. Притоа заборави на едно ефикасно решение – замена на батеријата.

Кога жената изглегува од продавницата, го гледаме таткото и синот со фризура со кој се исмејува засекот на iPhone X, што е навистина една смешна сцена во рекламата. На Samsung би му било попаметно да се шегува на тој начин, а не вака отворено да плука.

Крајот е и повеќе од предвидлив – жената купува нов S9 и конечно има насмевка на лицето. Мислам дека Samsung промаши со оваа реклама. Не требаше да ја истакнуваат една од најмоќните страни на iPhone: нивната трајност. Се знае дека Apple отсекогаш бил непобедлив на ова поле. Би им било попаметно да ги пронајдат подрачјата во кои S9 е подобар од iPhone, бидејќи сум сигурен дека ги има.

Вака само испаднаа некоректни…

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.