imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

На конкуренцијата ќе и требаат 2,5 години да ја достигне TrueDepth камерата


Барем така тврди познатиот аналитичар на KGI Securities, Ming-Chi Kuo. Претходно ја постави оваа бројка помеѓу една и две години, но сега може да се потпре и на другите извори наместо своите вообичаени сомнителни извори, бидејќи се објавени спецификациите на предната камера.

23 јануари, 2017. Тоа беше денот кога Ming-Chi Kuo прв пат објави вест дека во следниот iPhone (овој што беше претставен во септември) наместо скенер на отисоци од прсти ќе се наоѓа систем на препознавање на лицето како биометриска идентификација. Речиси 8 месеци пред вистинската презентација. Се сеќаваме кога прв пат ги слушнавме вестите, бевме малку разочарани: едноставно не можевме да веруваме дека нешто би можело да биде подобро од TouchID.

Сега кога работиме со вистински, доверливи информации, мораме да признаеме дека бесот бил малку претеран. Секако, можеме да расправаме за тоа што за кого е позгодно, кој што преферира, но нема сомневање дека FaceID и TrueDepth камерата (или всушност, камерата и збирката сензори) која овозможува користење на FaceID е моментно најнапредната технологија која било кога е ставена во телефон.

Навистина. Треба само да прочитате нешто за позадината на технологијата за да бидете целосно сигурни дека претходната изјава е апсолутно точна. Очигледно, воопшто не е случајно дека оваа мала работа која веројатно има иста големина како и ноктот на вашиот мал прст одговорна за потешкотиите во производството и доцнењето на iPhone X. Меѓутоа, Kuo смета дека Apple всушност направил голем чекор напред и дека на конкуренцијата ќе и требаат години за да ги достигнат. Поточно, две и пол години. Посебно бидејќи ќе чекаат да видат каков ќе биде приемот на FaceID.

И како што можеме да видиме од воведот на овој артикал, Kuo има прилично прецизен увид на настаните околу Apple.

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.