imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

На Facebook нема да има копче „dislike”


Некои можеби ќе бидат навистина разочарани затоа што на Facebook нема да постои копчето „dislike”. Портпаролот на компанијата потврди дека пронашле друг начин за изразување на негативните чувства.

Се чини дека креативниот состанок не беше така успешен. Решенијата изгледаат навистина здодевни на прв поглед: наместо воведување на „dislike”, го тестираат „downvote” копчето. Неговата цел не е да се изрази несогласување, туку на Facebook да му пружи повратни информации за коментарите кои другите ги сметаат измамнички, навредливи или непримерни.

Со други зборови: наместо навредлива алатка, Facebook создаде совршен помошник за тролање. Тој би можел да ги филтрира оние коментари кои изгледаат како платени огласи или пропаганда.

Не го тестираме копчето „dislike”. Истражуваме нова функција со помош на која корисниците би можеле да ни дадат повратни информации за коментарите на јавните објави.

Во иднина, „downvote” копчето би можело да изгледа вака:

Копчето ќе го скрие коментарот од гласачот, кој ќе може да го означи коментарот како неврзан за темата, навредлив и да го извести Facebook за тоа. Facebook нема да проследи повратни информации на корисникот кој коментирал, како ни на другите корисници. На тој начин, изгледите за случајна војна против неколку коментатори се намалуваат на 0.

Ова би можел да биде прв чекор со кој Facebook пробува да го разбие ширењето на лажни вести, и да ги отстрани од насловната страница.

Корисниците веќе долго време бараат „dislike” копче, но во 2015. година Mark Zuckerberg, основачот на Facebook потврди дека социјалната мрежа нема да има „dislike” копче. Тие го гледаат како лошо влијание и закана за веб-страницата. Тоа би можела да биде причината зад решението кое повеќе е насочено кон функцијата на чистење, отколку кон „dislike” копчето.

Извор: TechCrunch

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.