imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Никогаш не било поисплатливо да се користи Safari


Постојат оние кои вечно ќе ги сакаат и никогаш не би користеле нешто друго. Постојат такви кои едноставно ја негираат неговата употреба и такви кои претходно користеле некој друг прелистувач. Ако се пронаоѓате во последните две групи корисници, ќе ви покажеме 5 причини зошто би требало да му пружите шанса на прелистувачот на Apple.

Вистина е дека Safari не е најпопуларниот веб прелистувач на пазарот со најмногу функции клои можете да ги добиете. Меѓутоа, развиен е од Apple, и поради тоа е совршено ускладен со другите производи на компанијата. Тоа е иста ситуација како и во случајот на оперативните системи:

Сите линии на кодот на Safari се напишани за да им служат на корисниците на Apple.

И на никој друг, освен на нив. Затоа е совршено оптимизиран, ги има сите нови функции и може да реагира на сите промени кои влијаат на двата система и хардверот. Но, и натаму му недостасуваат неколку функции, што би можело да ги поттикне корисниците на употреба на други прелистувачи.

Меѓутоа, со macOS Mojave и iOS 12, Apple додаде многу функции кои му недостасуваа. Еве пет причини зошто би требало да му пружите шанса на Safari, дури и ако користите нешто друго.

Приватност на врвот

Apple отсекогаш обрнувал големо внимание на приватноста, но сега го достигна врвот. Новата вградена функција наречена Enhanced Tracking Prevention ги храни веб-страниците со најмала можна количина податоци. Ако веб-страницата не би требало да знае кои додатоци ги употребувате, кој јазик преферирате да го користите на вашиот компјутер и така натаму, тогаш тоа нема ни да го знае. Тоа беше целосно поинаку претходно, а сега го прави следењето на активностите на различните корисници целосно невозможно.

Safari исто така го убива секое вградено следење на секоја одредена веб-страница. На пример, сега ни Facebook ни Twitter нема да можат да ја следат вашата активност преку вградените Like и Share копчиња на различните страници.

Брз како молња

Тоа е се. Safari во основа е најбрз прелистувач од сите, тестиран на уредите на Apple поради споменатата оптимизација. iOS 12 ќе го направи уште побрз, заедно со целиот систем.

Favicons

Знаете, оние мали икони покрај насловите на веб-страниците. Од непознати причини, Safari досега не можеше да ги прикаже, дури и кога сите други прелистувачи можеа. Можеби се чини како нешто навистина неважно, но може да значи вистинска разлика која ви овозможува поедноставно препознавање на табовите. Apple сега ја вклучи оваа основна функција во Safari.

Понапреден Reader View

Тоа е навистина згоден додаток. Reader View можете да го активирате до допир или клик на малата икона на левата страна од лентата за пребарување. Оваа функција го прераспоредува текстот и сликите од избраните веб-страници во еден пријатен изглед кој е многу поудобен за читање. Отсега, уредите ќе можат да ги прикажат е посложените елементи како графиконите, опис на фотографии и слично на многу понапреден начин.

Автоматско исполнување на потврдните кодови

Во текот на процесот на потврда во два чекора, веб-страниците и апликациите можат да ви испратат потврдни кодови преку текстуална порака. Отсега системот со леснотија ќе ги препознава тие кодови, тоа ќе ви понуди опција за автоматско исполнување за да ви заштеди нешто време. Очигледно, оваа функција ќе работи само со Safari, што исто така е дополнителна причина зошто би требало да го испробате изворниот прелистувач на Apple.

Извор: Cult of Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!