imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нова функција за управување на полнењето на iPad


Учејќи на сопствените грешки и проблемите со стареење на батериите кај моделите iPhone 6 и 6s, Apple смисли ново решение за корисниците на iPad за да ја спасат структурата на нивните литиум-јонски батерии. Да погледнеме како тоа функционира?

Неодамна лансираниот iOS 11.3 содржи нова функција наречена Здравје на батеријата. Тоа ви овозможува користење на режим на слабо напојување, со кое се намалуваат перформансите на уредите со цел за постабилно користење во случај на постарите батерии. Оваа функција можете да ја оневозможите, па CPU ќе работи со идентична брзина без оглед на состојбата на батеријата.

Како што е истакнато во системите на Apple, оваа функција се уште е во бета верзија, а бројните корисници забележале дека системот дури и во случај на неодамна заменетите батерии покажува нереални бројки за нивното здравје. Слични промени се воведени и за iPad, но наместо управувањето со перформансите, оваа функција влијае на стареење на батеријата.

Коренот на целиот проблем лежи во тоа дека на литиум-јонските батерии повеќе им одговара користење, отколку постојана наполнетост на 100 проценти. Впрочем, тоа воопшто не е потребно, бидејќи батеријата на iPad трае околу 10 часа. Меѓутоа, во одредени случаи батеријата може многу брзо да старее.

 

Новата функција на Управување со напојувањето на iPad би можела да го реши овој проблем. Додека во случајот на MacBook, Apple го чува здравјето на батеријата со циркулирање на напојувањето помеѓу ќелиите, новата функција за iPad го ограничува капацитетот на максимална наполнетост. Тоа значи дека батеријата нема да се наполни до 100 проценти дури и ако е постојано приклучена на полнач.

Мораме да додадеме дека процентот на наполнетост на батеријата прикажан на екранот додека вашиот iPad е на полнач, нема да ја прикажива вистинската состојба, туку ограничената вредност. Значи, ако постојано го држите својот уред на полнење, ви препорачуваме да го надградите системот на iOS 11.3 за да го сочувате здравјето на батеријата на вашиот iPad.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!