imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Новиот Контролен центар на iOS 11 е прилично грд, но корисен


Една од најдобрите нови функции во iOS 11 е Контролниот центар, кој создава еден куп можности за нас, вклучувајќи екран за снимање и вклучување и исклучување на мобилните податоци. Ајде да видиме што може да направи целосно обновениот интерфејс!

Apple навистина се обидува да ги развие функциите со кои може да ги направи попродуктивни уредите кои работат на iOS 11. Само помислете за новите функции прилагодени за iPad Pro, на Drag & Drop, или апликацијата Files. Сите овие создаваат можности каде што ќе можете полесно да управувате со вашите фајлови, побрзо да ги извршуваме основните задачи, и во многу случаи, не мораме веќе ни да посегнуваме по MacBook (под услов се уште да не сте се решиле од оваа навика).

Без оглед на фактот дека повеќето нови функции се корисни за корисниците на iPad, новиот центар за контрола во iOS 11 ќе бидe корисен и сите оние кои имаат iPhone. Не само затоа што очајнички посакувавме такво нешто, туку затоа што сега ќе добиеме целосно прилагодлив интерфејс, прилично поинаков од она на што сме навикнале. На прв поглед нема многу промени: ние ги гледаме истите работи како и со претходно зададените поставки, само што овој интерфејс е сега на цел екран, а музичкиот плеер сега е од страна со останатите прекинувачи.

Тоа не би било толку голема работа доколку со опциите отсега не можеме да пристапиме преку 3D Touch. Секако, ако вашиот мобилен ја нема таа опција, вашиот iPad или постар модел на iPhone и натаму можат да ги извршуваат сите задачи ако подолго ја држите саканата икона. Кој е смисолот на тоа? За почеток, во апликацијата Камера веднаш можете да изберете дали сакате да фотографирате или снимате, и која камера сакате да ја користите.

Кога ќе почнете да го прилагодувате Контролниот центар според своите желби, ќе забележите дека во некои случаи е згодно да се користи оваа 3D Touch опција. На пример, кога го користите Apple TV Remote, повеќе не треба да ја отворате апликацијата. Едноставно треба да ја додадете неговата икона во Контролниот центар и да го претворите својот iPhone во Apple TV Remote со само два клика, и тоа без потреба да ја затворите апликацијата која моментно ја користите.

Моментно можете да додадете 18 прекинувачи во Контролниот центар (иако овој број сигурно ќе порасне), вклучувајќи ја и функцијата Без попречување во текот на возењето или дури и апликацијата Home. Еве ја целата листа:

  • Accessibility Shortcuts
  • Alarm
  • Apple TV Remote
  • Calculator
  • Camera
  • Do Not Disturb While Driving
  • Flashlight
  • Guided Access
  • Home
  • Low Power Mode
  • Magnifier
  • Notes
  • Screen recording
  • Stopwatch
  • Text Size
  • Timer
  • Voice Memos
  • Wallet

Можете да го прилагодувате Контролниот центар во Поставките, со додавање и отстранување на прекинувачот. Новиот Контролен центар е малку грд и се чини дека е оптимизиран за големината на iPad, а не iPhone. На iPad изгледа одлично и така можете да ги видите сите прекинувачи на истата страница со апликациите. И покрај тоа, ова е одлична и навистина корисна надградба.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!