imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Новиот iMac Pro ќе чини исто колку Ford Focus


За цената на овој неверојатно секси компјутер со брутални перформанси можете да купите Ford Focus со сите додатоци. Кому воопшто му треба ваква сила?

Компјутерот од соништата за кој професионалните корисници на Apple чекаа со години ќе чини околу 17.000 долари. Немаме ниту еден грд збор за iMac Pro, Apple во него стави се што би посакале од еден таков all-in-one компјутер: беспрекорен екран и неверојатно добар хардвер. Штета што ќе чини како нов Ford Focus.

На презентацијата на WWDC, Apple одеше до најситните детали, опишувајќи ги техничките перформанси на овој компјутер, и знаеме дека почетната цена ќе му биде околу 5000 долари. За оваа цена ќе добиете прилично силен хардвер: Intel Xeon процесор со осум јадра, AMD Pro Vegа со 8 GB vRAM и секако – вообичаениот 5K екран од 27 инчи.

Како тоа веќе да не е доволно, можете да побарате компјутерот да биде опремен со Intel Xeon со 18 јадра, 128 GB RAM, AMD Pro Vegа си 16 GB vRAM и дури SSD од 4 TB, со истиот екран. Оваа конфигурација се уште нема цена, веројатно затоа што AMD Pro Vega се уште не е лансирана – но малку пресметаа на ZDNET. Меѓу останатото, дознавме дека треба да се платат дополнителни 4000 долари само за надградба на процесорот, 128 GB RAM ќе ве чини 2700 долари повеќе од стандардните 32 GB, a двојниот vRAM ќе ја зголеми вкупната цена за уште 2000 долари.

Купувањето на SSD се уште е скапа инвестиција, а верзијата со 4 TB ќе може да достигне брзина на пренос на податоци од 3 GB/s, па тоа ја зголемува цената за околу 3600 долари. Ако сето тоа го проџвакате, па ги соберете сите додатоци со почетна цена од 5000 долари, ќе стигнете до цифра од 17.299 долари за во целост опремен iMac Pro.

Но, само малку. Кому сето тоа му треба?

Сигурно не на 99 проценти од нашите читатели. Ова е компјутер од прва класа, со најмоќни верзии на сите делови, а целната група на корисници на таков хардвер прилично е малубројна, Надградената видео картичка на iMac Pro ќе има горна граница на перформансите од 22 TFLOP. Во споредба со новата Xbox ONE X играчка конзола – која моментно е најмоќна конзола на пазарот со можни 6 TFLOP-а – можеме да заклучиме дека перформансите на Mac Pro се навистина моќни. Ако немате VFX студио или не работите на некаков CGI проект, не морате да бидете тажни бидејќи ваквите перформанси нема да ви бидат потребни.

За среќа, Apple направи и iMac компјутери за обични корисници, а дури и помалите модели од 21,5-инчи добија добра видео картичка. Но, ако едноставно сакате Mac со голем екран, за извршување на општите работи од дома, моментната палета производи е навистина одлична и многу поевтина,

За новите iMac модели пишувавме во рамките на WWDC, па фрлете око.

Извор: ZDNet

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!