imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новиот iPhone е еднакво силен како MacBook Pro


Или да бидеме попрецизни, сите три нови iPhone модели се такви, бидејќи имаат исклучително силен шестојадрен А11 Bionic процесор. Еве неколку изненадувачки бенчмарк тест резултати.

Новиот процесор на Apple, A11 Bionic се чини прилично брутален, дури и само врз основа на она што го видовме и слушнавме во текот на презентацијата. Но, навистина. Две јадра со високи перформанси и четири високо ефикасни јадра можат по потреба да се обединат и да создадат шестојадрен ѕвер од процесор. Исто така, според она што го видовме, се чини дека GPU што го дизајнираше Apple е исто така способен за прилично екстремни перформанси.

Меѓутоа, она што уште повеќе не изненади се првите резултати на бенчмарк тестирањето. Добро, уште во текот на презентацијата ни рекоа дека овие јадрa со високи перформанси ќе бидат 25 проценти побрзи, додека оние со висока ефикасност ќе бидат 70 проценти побрзи од процесорот на претходната генерација, А10 што се наоѓа кај iPhone 6 – и тоа е сосема природно. Исто така не е ништо изненадувачки во смисла на новиот процесор кој е многу побрз од постариот, тоа е она што очекуваме да го видиме Но, постои фактот дека воопшто не е важно кој уред ќе го одберете, едноставно перформансите на сите три уреди се во рангот на водечкиот модел MacBook Pro претставен пред помалку од една година, тоа е во најмала рака изненадувачки.

Сето ова го дознавме од претходните тестирања на Geekbench. Сепак, мораме да нагласиме дека овие резултати не вредат во реални, практични услови на користење на телефонот, туку само ни даваат слика за сировата сила на процесорот кога работи во идеални услови. Уредувањето на видеа и понатаму ќе остане подобро отколку со досегашниот процесор, па дури и ако е 15 пати побавно во пракса отколку кај овие тестови. Од друга страна, бидејќи се уште не се користат iPhone 8, 8 Plus или X уредите, овие резултати дојдоа од мал просечен примерок. Резултатите ќе бидат поточни откако тестирањата ќе се спроведат неколку стотици пати. Но, да се вратиме на темата.

Резултатите од работата на А11 процесорот на едно јадро во просек се 4169 бодови, а со повеќе јадра 9836 бодови. Ако не сметаме по просек, се чини дека процесорот може да постигне и 10438 бодови кога работи со повеќе јадра. За да добиете подобра слика, ќе ги споредиме тие резултати со неодамна претставениот iPad Pro 10.5 инчи, чиј A10 Fusion процесор постигна просечни резултати од 3887 и 9210 бодови на истите тестови. Очигледно е дека новите iPhone модели се посилни дури и од најновите iPad Pro уреди. Но, што е со MacBook Pro?

MacBook Pro од 13 инчи кој во овој момент е најсилен лаптоп во понудата на Apple, има процесор од 3,5 GHz. Иако има подобри резултати во тестовите со едно јадро во однос на новите iPhone уреди (4592 бодови), работите се поинакви кога се тестира работата на повеќе јадра. Најмоќниот MacBook Pro постигна само „9602″ бода, што значи дека заостанува 200 бодови зад A11 процесорот, а тоа воопшто не е лошо.

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!