imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новите процесори на Apple би можеле да содржат ултрамодерна технологија


TSMC извести дека успешно почна масовно производство на новите 7nm (нанометарски) чворови. Можно е дека A12 чиповите на Apple ќе бидат први на пазарот со оваа технологија.

TSMC (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company) е моментно еден од најголемите производители на полуспроводници на светот. Освен што работат на нови технологии, произведуваат чипови за различни компании, меѓу нив и Apple. Колку што знаеме, оваа година ќе бидат ексклузивни снабдувачи на A12 чипот кој Apple сам го дизајнираше за да ги засили новите iPhone уреди.

Позицијата на TSMC на пазарот многу добро ја опишува нивната минатонеделна објава за намалениот проценет приход поради што целиот свет се намулрти, а почна и лавината трачеви за падот на продажбата на iPhone и умирањето на iPhone X. Производителот на полупроводници е многу важен дел од индустријата, баш како и следната генерација чипови на Apple.

Производителот сега извести дека стигнале во HVM (High Volume Manufacturing) фаза на 7nm FinFET процесни чипови. Без да навлегуваме подлабоко во техничките детали, ќе кажеме само дека тоа е одлична работа. Досега достапната технологија беше доволна за производство на 10nm – како A11 Bionic – чиповите, така што 7nm чворови значат нова генерација и понапредни чипови.

Чворовите се изработуваат со процес наречен CLN7FF, кој е заснован на DUV (Deep Ultraviolet) литографијата. Најголемата предност е во тоа што е компатибилен со моментната опрема, но поради повеќекратните примероци, проектирањето и производството траат подолго. Процесот  CL7FF+ тоа ќе го подобри; CLN7FF+ е нешто понапреден и станува збор за EUV (Extreme Ultraviolet) литографија. Ќе биде достапен од средината на 2019. година, поради што нема да влијае на годинашната генерација на iPhone.

Благодарение на CLN7FF, TSMC ќе може да ги испорача првите поголеми серии во втората половина на 2018. Бидејќи новата генерација на iPhone ќе пристигне во исто време, постои голема веројатност дека уредите на Apple ќе бидат први на пазарот кои ќе имаат 7nm процесори. Нивната водечка позиција веројатно нема да трае вечно, бидејќи Qualcomm исто така напорно работи на тоа. Но, би било навистина кул кога оваа технологија би ја добиле оваа есен.

 

Но TSMC има некои идеи за новите начини на развој. Според нив, таканаречената WOW (Wafer-on-Wafer) технологија би можела да биде решение, а означува вистински 3D интегрирани кругови и сложување на чворови. Новиот метод би можел да се користи и со 7nm EUV чворови и тоа навистина би можела да биде иднината.

Ќе видиме…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!