imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новите iPhone уреди се многу очекувани


Loop Ventures во своето неодамнешно истражување проучи колку од сегашните корисници на iPhone уредите се подготвени оваа година да се префрлат на нов уред и кој телефон би го избрале. Според нивното истражување, многу корисници се подготвени да купат нов уред без ништо да знаат за годинашната понудата. И покрај тоа што сè уште не се лансирани, непознатите уреди се изненадувачки популарни уште од сега.

Има уште околу половина година додека бидат лансирани следните iPhone уреди, а Loop Ventures дознава дека потенцијалните купувачи се заинтересирани за новите модели. Тие креираа анкета со учество на 511 луѓе од САД, – од нив 226 се сегашни iPhone корисници – и ги прашаа за нивните идни планови.

Резултатите кажуваат сами за себе, дури и ако земениот примерок не е репрезентативен. Околу 22 проценти од учесниците планираат да купат уред од новата понуда. Тоа е изненадувачки бидејќи не сме ни блиску до лансирањето, поголем дел од гласините се неизвесни, а ситуацијата е прилично иста како и минатата година.

Можеби се сеќавате на возбудата околу iPhone X, откако беше лансиран iPhone 7. Единствената разлика е тоа што беше наречен iPhone 8, само iPhone, iPhone Edition и така натаму. Во истиот период минатата година, 23 проценти од запрашаните рекоа дека планираат да се надградат на новиот “јубилеен” уред.

Само 1 отсто разлика за една година е изненадувачки, бидејќи се очекува дека годинашната понуда ќе има повеќе новини и екстремни решенија. Пред лансирањето на iPhone 7 само 15 проценти од анкетираните луѓе покажаа знаци на подготвеност за промена.

Покрај горенаведените 22%, дополнителни 20 отсто изјавија дека планираат да се надградат на нов уред, но тоа би бил iPhone 8 или iPhone X наместо претстојните модели. Вкупно 42 проценти планираат да имаат нов уред во 2018 година. 28 отсто гласаа за iPhone 8, 18 проценти за iPhone X и само 51% за некој од претстојните уреди.

Според Loop Ventures, овој умерен, но предвидлив раст би можел да влијае на акциите – AAPL – на позитивен начин.

Понизок раст, повеќе предвидлива побарувачка на iPhone. Гледајќи ги податоците во текот на изминатите две години, тоа укажува дека годишниот раст на iPhone ќе се движи во повеќе предвидлив опсег од 1-5%. Добра вест е тоа што повеќе предвидливиот раст на iPhone, иако со пониска стапка, треба повеќекратно да биде позитивен за акциите на Apple.

Истражувачкиот оддел на Loop Ventures понекогаш ги испитува прашањата што ги засегаат. Овие истражувања не се за инвестициски цели, туку даваат само информации за интересна тема. Ова важи и за ова истражување.

Едно мало потсетување за оние кои не обрнаа внимание во изминатите неколку месеци. Сите траги водат кон три нови iPhone уреди што ќе бидат претставени оваа есен. Наследникот на iPhone X со OLED екран со големина од 5,8 инчи, поголема верзија со големина од 6,5 инчи и помалку скапа верзија со 6,1-инчен LCD екран за оние кои не се плашат да направат компромиси.

Извори: 9to5Mac, Loop Ventures

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.