imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нови бесплатни Trial верзии во App Store


Apple промени некои од насоките за оценување на апликациите во App Store. Благодарение на овие нови одредби, корисниците добија бесплатни trial верзии на апликациите, разјаснета е ситуацијата околу мултиплатформските услуги, а воведени се и нови мерки на заштита на корисничките податоци.

Искрено, App Store веќе долго копнееше за овие промени, а WWDC е идеален момент за нивно воведување, бидејќи тоа е настан на кој компанијата ги слави програмерите на пет дена долгата конференција.

Новите насоки воведоа возбудливи промени, на пример построги одредби врзани за апликациите со криптовалути. Накратко, сега е јасно речено дека апликациите не смеат да рударат во позадина во замена за бесплатно пружање на услугата. Дури и ако корисниците ги прифатат нивните услови на работење, тое НЕ Е допуштено. Apple будно ќе ги надзира сомнителните апликации и ќе ги отстранува сите кои ги прекршуваат правилата.

Што се однесува до сигурноста на корисничките податоци, воведоа построги одредби врзани со огласувањето во рамки на апликацијата. Според новото, таквите реклами треба да бидат прилагодени на публиката на која и е наменета апликацијата, и не смеат да бидат насочени кон осетливи кориснички податоци, како медицински податоци од HealthKit или податоците за училиште од ClassKit. Уште повеќе, апликациите за деца (од истоимената категорија) не смеат да употребуваат податоци за потребите на рекламирање.

Апликациите отсега мораат јасно да истакнат дали корисниците навистина ги гледаат рекламите, а таквата содржина мора да биде обележана како лесно пристапна, видлива и доволно голема со копче за исклучување.

Apple го разјасни и следното: апликациите кои функционираат на повеќе платформи можат да им овозможат на корисниците пристап со содржини, претплати и функции преземени од некој друг извор, под услов оваа содржина, исто така, да е достапна во облик на купување во рамки на самата апликација.

Што значи тоа? Веројатно сакаа да ја завршат ситуацијата со Steam Link. Оваа апликација не е во согласност со прописите на App Store, бидејќи апликациите кои корисниците можат да ги купат преку Steam и да им пристапат преку клиентски апликации не се достапни за купување во App Store.

Apple исто така забрани поттикнување на корисниците да купат дополнителни содржини за апликации од страниците на надворешните програмери, наместо со купување во рамки на апликациите во App Store.

Тоа е разбирливо, бидејќи Apple добива провизија од купувањата во апликациите. Да не ги воведоа овие правила, програмерите и Steam лесно би го измамиле целиот систем. Да, апликациите кои работат на повеќе платформи можат да им го олеснат животот на корисниците и да им допуштат пристап до содржини набавени на други места, но тие содржини мора да бидат достапни и преку купување во рамки на апликацијата. Така функционира и Spotify – цената на претплатата е идентична како и кога директно им се плаќа на програмерите.

На крај, апликациите без претплата можат да понудат бесплатни trial верзии, пред да понудат опција за целосно отклучување. Тоа ќе функционира така што ќе се понуди бесплатно купување во рамки на апликацијата, во облик, на пример, 14-дневна trial верзија. Со други зборови, корисниците кои се уште не ја купиле Monument Valley, можеби ќе можат неколку дена бесплатно да ја испробаат.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.