imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нови функции на iOS 12 кои Apple не ги најави


Иако вчерашниот Keynote на WWDC траеше два и пол часа, немаше доволно време за споменување на сите нови функции. За среќа, Apple ја објави целата листа на промени, а ние издвоивме некои од нив.

Анимации

Иако Craig Federighi спомена дека со iOS 12 апликациите ќе се отвораат побрзо и камерата и тастатурата ќе се појавуваат побрзо, Apple отиде и чекор понатаму. Тврдат дека ги забрзале и анимациите на системот: “Кога работите нешто како отворање на Контролниот центар, преминувате со прстот во текот на мултитаскингот или ги прегледувате апликациите, анимациите се пофлуидни и поосетливи”. Амин.

SMS еднократен пристапн код за автоматско пополнување

Не е 100% јасно што значи оваа функција, но ако точно разбрав, iOS ќе може да добие лозинки од Messages. Во случај на автентикација во два чекора, може да се случи апликацијата или веб-страницата на корисникот да му испрати потврден код во SMS порака. Отсега системот автоматски ќе ги открие таквите пораки и ќе понуди можност за автоматско пополнување наместо копирање на кодот од апликацијата Messages.

Внесете лозинки од управителот на лозинки од трета страна

На пазарот постојат многу апликациите за управување со лозинки, тука се 1Password, LastPass i Dashlane – тоа се само некои од најпопуларните. Меѓутоа, iCloud Keychain има предност поради тоа што е изворен и длабоко интегриран во системот. Значи, ако програмерите тоа го направат достапно, Quick Type функцијата на тастатурата ќе ви овозможи да внесете лозинки од управителот на лозинки од трета страна.

Делење лозинки

Една од моите омилени магични функции на iOS 11 е автоматското делење на WiFi лозинки. Знаете дека тоа е скокачки прозорец кој се појавува на вашиот уред кога некој ќе побара придружување на вашата мрежа. Врз основа на тој систем, освен лозинката за WiFi, сега ќе можете да ги споделите сите лозинки од уредите кои се вклучени во екосистемот.

Автоматска јачина на лозинката и предупредување на повторно користење

Во текот на било каква регистрација, iCloud Keychain ви нуди генерирање на сигурна и единствена лозинка, само за вас. Со iOS 12, оваа функција ќе биде достапна и за апликациите. Системот исто така ќе ве извести ако сте ја употребиле истата лозинка на две различни веб-страници за да ги избегнете потенцијалните сигурносни ризици.

Siri може да ви помогне да ја пронајдете вашата лозинка

И последната функција е врзана за лозинките: Siri би можела да ви ја прикаже вашата лозинка на кратко време кога ќе ја побарате. Очигледно, тоа работи само во случај на уреди кои веќе се отклучени.

Критични предупредувања

Apple навистина ја прошири функцијата Do Not Disturb во iOS 12. Едноставно можете да поставите различни критични предупредувања, кои со леснотија можат да го заобиколат филтерот на функцијата Do Not Disturb. Мислам дека ова ќе биде нешто слично на VIP повиците, но со повеќе опции и на малку посложен начин.

Подобрена RAW фото поддршка

Тоа е исто така нешто ново од iOS 11; iPhone уредот може да снима фотографии во RAW формат кој е неопходен за професионална употреба. Со iOS 12 ќе имате прилика да ги воведете RAW фотографиите од вашиот iPhone и iPad на iPad Pro за понатамошно уредување.

Гестовите од iPhone X на iPad

Управувањето со гестови е една од најдобрите функции на iPhone X. Толку е едноставна и интуитивна, што ја прави навистина удобна за користење. Во iOS 12, iPad уредите наследија некои гестови од iPhone X. Тоа е одличен чекор кон iPad Pro X без рамки и Home копче, кој содржи Face ID за кој претходно зборуваа различните извори.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!